похувани шницли со зеленчук

Похувани свински шницли со прилог од зеленчук

Е ова е комплетен ручек или вечера! Вкусниот предлог за похуваните свински шницли со прилог од зеленчук ни доаѓа од кујната на Невена. Рецептот е идеален за млади креативци во кујната кои сакаат да го изненадат партнерот и семејството, но и за останатите.

Состојките кои се потребни за овој рецепт се едноставни и лесно може да се набават, што е голем плус за приготвување на вака убав специјалитет.

свински шницли со прилог

Состојки:

  • 8 (600 гр) тенки свински шницли
  • по потреба сол и црн пипер
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба лебни трошки
  • по потреба масло за пржење на шницлите
  • 1 голем морков
  • 1 среден компир
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 150 гр пченка од конзерва
  • 250 мл вода
  • ½ коцка за супа
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер.

Подготовка:

  1. Секоја шницла од двете страни зачинете ја со солта и црниот пипер. Шницлите ставете ги во сад и оставете ги да отстојат во фрижидер неколку часа.
  2. Во една чинија изматете ги јајцата со малку сол, во друга ставете брашно и во трета лебни трошки. Секоја шницла извалкајте ја прво во брашното, па во јајцето и на крај во лебните трошки.
  3. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загреанто масло ставете ги шницлите и пржете ги на среден оган од двете страни. Пржените шницли ставете ги врз кујнска хартија или салфетки да се впие вишокот на масло.
  4. Во меѓувреме додека се пржат шницлите подгответе го прилогот. Компирот и морковот излупете ги и исечете ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере и додајте ги грашакот, водата, маслото и коцката за супа. Тенџерето ставете го на оган на средно висока температура и оставете го зеленчукот да се вари. При крај кога водата испарила, останало сосем малку, додајте ги пченката и путерот, и варете ги додека течноста целосно испари.
  5. Похуваните свински шници со прилогот од зеленчук послужете ги додека се топли во комбинација со салата или зазики сос. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Семејна тава со свинско месо.

Сподели: