Се ближи денот на вљубените и секој кој би сакал на креативен и сладок начин да го изненади својот партнер може да се потпри на оваа идеја. Погледнете како најлесно да обликувате срце торта ако немате калап за тоа.
Најдоброто од сѐ е тоа што може да го изберите вашиот омилен вкус на паднишпан и да ја оформите прекрасната торта. Потребни ви се два пандишпани, еден во форма на круг, а другиот во форма на коцка. При формирањето на срце тортата важно е да внимавате да биде ист дијаметарот на тркалезниот паднишпан, со должината на страната на коцката паднишпан. Нивните вкусови и состав не е задолжително да бидат исти, а како препорака треба да знаете дека полесно се работи доколку паднишпаните се ладни или малку замрзнати.
Откако ќе се уверите во тоа дека сте оформиле убаво срце торта (по потреба засечете од краевите, за да нема многу широк празен простор помеѓу парчињата), премачкајте ги краевите со шлаг од белки, изматена слатка павлака или вашиот омилен фил, и убаво прицврстете ја. Потоа измачкајте ја целата површина на тортата и декорирајте по желба. Примерот во видеото е декорација со фондан, а во секој случај најдобро би било да направите декорација која најумешно знаете да ја изведите.
Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни полнети медени срца.