Карактеристичната златно-кафеава боја повикува да каснеш уште едно парче, нели? А, кои се тајните на совршениот велигденски козињак? – Разговаравме со повеќе искусни домаќинки, па еве некои совети и препораки за подготовка на најдобар велигденски козињак!
Овој сладок леб, кој обичено е плетен, го карактеризираат пријатен малку сладок вкус со цитрусна арома, мекост, нежни залчиња и „конци“ познати во народот. Тој е вкусен сам по себе, но има уште подобар вкус доколку се послужи со путер, омилениот џем, а најмалите често го јадат и со крем. Веќе се створува апетит од самата помисла на оваа убавина, па да започнеме со откривање на тајните за идеално добар козињак.

Зошто козињакот не нараснува?
Постојат повеќе можни причини зошто козињакот не нараснува. Квасецот кој го користите за подготовка можеби е стар, течноста која ја додавате при подготовка можеби е многу топла, или пак го чувате тестото на ладно место при подготовката. Секогаш проверете го датумот на квасецот кој го користете, а при додавање на течност (млеко или вода) таа треба да биде млака. Идеалната температура на течноста треба да биде од 35 до 45 степени целзиусови. Доколку ги следите овие чекори, а ви останува уште температурата на собата каде што го чувате тестото, треба да знаете дека идеалната температура треба да биде од 23 до 29 степени.
Многу важно – изборот на брашното!
Ако имате искуство или умеете секако дека ќе се снајдите од секое, но за максимално добар резултат, суровината е и тоа како важна. Наша препорака за брашно кое дава резултати без грешка е Екстра белото брашно на Жито Лукс и тоа ви го препорачуваме паковањето од 1 кг затоа што најлесно ќе го дозирате рецептот. Од 1 килограм брашно се добиваат 3 до 4 плетенки зависно од големината на плехот во кој ќе печите.
Користете мармалад, чоколаден крем или суво овошје за збогатување на вкусот
Во нашето поднебје, најчесто се става суво грозје, а за уште побогат вкус може да додадете мармалад, чоколаден крем или суво овошје. При подготовката на козињак можете да премачкате со мармалад или чоколаден крем и да кората да ја завиткате во ролна, а потоа од повеќе така припремени, да сплетите плетенка. Или, во тестото можете да додадете друго суво овошје, по желба.
Која е тајната на печењето?
За да добиете козињак со убава златно-кафеава боја многу е важна постапката на печењето. Козињакот може да го печете кратко време на температура од 200 степени, а потоа истата да ја намалите на 160 степени. Друга опција е да го печете козињакот на 160 степени за време од 1 час. Доколку забележите дека козињакот за брзо време потемнел, покријте го со алуминиумска фолија и продолжете со печење.

Дали козињакот може да се замрзни?
Да, козињакот може да се приготви неколку дена порано и истиот да се замрзни. Најдобро е да се замрзни цела векна, а не сечен на парчиња. Доколку имате парчиња ставете ги во кеси за замрзнување со херметичко затворање. Замрзнатиот козињак искористете го во рок од 3 месеци. При одмрзнување, оставете го на собна температура за време од неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
Кога се јаде велигденскиот козињак?
Велигденскиот козињак традиционално се служи на Велигден, а и неколку денови по празникот. Може да го приготвите и јадете во било кој дел од годината. Одличен е за појадок со чаша чај или млеко, или како закуска за со омиленото кафе.

За сите новости и палетата на производи, може да ги разгледате фан страниците на Жито Лукс на Facebook и Instagram.
Ви предлагаме да прочитате: Велигденска плетенка со мармалад.