Ашваганда 1

Најдобрите начини и суплементи за контрола на стресот

Современ начин на живот, брзање да се стигне секаде и да се исполнат дневните задачи, недоволна физичка активност, постојано опкружување со технологијата… Дали сте дел од оваа група? Ако одговоривте со да, издвојте 5 минути и прочитајте го текстот кој ќе ви помогне за контрола на стресот. Намалете го стресот со помош на природни начини и техники, и дознајте ги најдобрите додатоци во храната кои се популарни ширум светот. 

Стресот претставува природен одговор на телото на промени и е неизбежен дел од животот. Овој одговор може да биде предизвикан од емоциите, секојдневните ситуации или факторите на околината. За жал, не можеме целосно да го отстраниме стресот од нашите животи. Ама, можеме да го намалиме и да ги ублажиме неговите ефекти врз психичкото и физичкото здравје. Тоа може да се постигне со разни техники за намалување на стресот и користење на одредени суплементи.

контрола на стрес

Видови на стрес

Во основа, се разликуваат два вида на стрес и тоа: акутен и хроничен стрес.

Акутен стрес

Акутниот стрес е најчест и е краткотраен. Претставува моментална реакција на нешто ново предизвикувајќи го „fight or flight“ („бори се или летај“) одговорот. Примери за акутен стрес се заглавување во сообраќајот и јавни говори. Кога акутниот стрес настанува често, се нарекува периодичен акутен стрес.

Хроничен стрес

Ако стресот не е добро контролиран и трае подолго време, тој станува хроничен. Може да биде предизвикан од ситуации, како: проблеми во љубовните односи, финансиски проблеми или стресна работна позиција. Хроничниот стрес доведува до сериозни здравствени проблеми вклучувајќи депресија, срцеви заболувања, дијабетес и висок крвен притисок, пореметување на функциите на дигестивниот систем и нарушување на цревната микрофлора.

Симптоми на стрес

  • намалено либидо
  • болки во градите
  • дигестивни проблеми и надразнет желудник
  • сува уста
  • главоболка и вртоглавица
  • болки во мускулите, вратот и грбот
  • брзо чукање на срцето
  • иритирана кожа
  • проблеми со спиењето
  • бес и лутина
  • анксиозност
  • тага и депресија
  • недостаток на концентрација и мотивација
  • заборавање
  • замор
  • намален апетит или прекумерно јадење
  • намалена физичка активност
  • употреба на алкохол, цигари и дрога
  • социјална изолација.

Природни начини за намалување на стресот

Техники за релаксирање

Медитацијата и вежбите за дишење може да помогнат во контрола на стресот. Издвојте неколку минути секој ден, тргнете се во простор во кој може да бидете сами и без работи кои го одземаат вниманието и работете на вашето дишење. Може да се обидете и со слушање на водич за медитација на интернет.

Одморете од технологијата

Технологијата е составен дел од секојдневниот живот. Но, премногу време поминато пред екраните може да го зголеми стресот. Во одредени интервали од денот, оставајте го компјутерот или телефонот и поминете време надвор, без разлика дали тоа е во двор или во природа.

Планирајте ги обврските однапред

Секоја недела издвојте малку време за да ги испланирате дневните активности и настани за наредните 7 дена. Така ќе бидете организирани, па ќе избегнете непотребен стрес.

Зборувајте со семејството и пријателите

Комуникацијата со семејството, пријателите и оние кои ги сакаме го намалува стресот и го подобрува расположението.

Останете активни и вежбајте

Физичката активност влијае на намалување на стресот така што за време на вежбање, телото ослободува ендофрини кои го подобруваат расположението.

Суплементи кои се препорачува да се земаат при стрес

Ашваганда

Ашвагандата е една од најпознатите ајурведарски билки која се прилагодува на секој организам. Започнала да се употребува уште пред 1000 години во Индија. Оваа билка има голем број на здравствени придобивки и претставува безбедна природна помош при стрес. Го ублажува стресот намалувајќи го нивото на кортизол во телото. Ашвагандата е корисна и за лица кои страдаат од несоница предизвикана од стрес така што го подобрува квалитетот на сонот и го зголемува времето на спиење.

Каде ја има оваа билка? – Ашвагандата може да ја најдете на онлајн продавницата на нашите пријатели Тримекс како и во поголемите аптеки. Ashwagandha-та од NOW е:

  • стандардизиран екстракт
  • ајурведска адаптогена билка
  • елиминатор на слободните радикали
  • поддршка на имунолошкиот систем.

Aswagandha-та од NOW ја препорачуваме затоа што:

  • помага при стрес и хроничен замор
  • го регулира нивото на хормони
  • го јакне организмот.
ашваганда 2

Магнезиум

Магнезиумот го намалува чувството на стрес. При акутен стрес, телото исфрла големи количини на магнезиум, па затоа е потребен зголемен внес на овој минерал. Суплементацијата со магнезиум обезбедува адекватно ниво на минералот што помага во контрола на стресот. За потребите на организмот за време на стресни ситуации ви ги препорачуваме магнезиум цитрат и магнезиум малат.

Може да ве интересира: Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост во телото.

Б витамини

Витамините од Б комплексот имаат многубројни научно докажани позитивни ефекти. Ако се земаат секојдневно, тие ја подобруваат состојбата при депресија, анксиозност и работен стрес. Ако сте под стрес, Б витамините, а особено витамините Б-6, Б-9 и Б-12, ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите и да се опуштите. А, кога станува збор за Б витамините, поточно витаминот Б-12, наш избор секогаш е Methyl B-12.

Родиола

Родиолата или „златен корен” е билка специфична за арктичките и алпските региони. Се употребувала со векови наназад. Родиолата е моќен адаптоген од непроценлива вредност. Му помага на организмот да се прилагоди на променливите услови на живот. Повеќе информации за придобивките и употребата на Rhodiola прочитајте на страницата на Тримекс, од каде што може и да ја набавите.

Може да ве интересира: Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.

Препорака: Наведените суплементи кои помагаат во намалување на стресот може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Производите ги има и во подобро снабдените аптеки како Зегин, Еурофарм и Виола. Ако имате дополнителни прашања околу суплементите, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Победете ги „токсичните“ емоции од стресот додека е во акутна форма.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: