најчести грешки кои се прават при зачинувањето

Најчести грешки кои се прават при зачинувањето

Ниту едно јадење не може да се замисли без зачин. Освен неверојатната арома, зачините го подобруваат и вкусот на храната. Но понекогаш, зачинувањето на храната може да биде проблем, а за тоа сме тука ние. Во продолжение прочитајте неколку трикови и избегнете ги најчестите грешки кои се прават при зачинувањето.

Ако јадењето нема доволно добар вкус, тоа можеби има врска со начинот на кој додавате зачини. Па, ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги избегнете најчестите грешки кои се прават при зачинувањето и да направите неодоливо вкусно јадење.

најчести грешки кои се прават при зачинувањето

Не ја користите вистинската количина на сол

Додавањето сол е исклучително важно бидејќи многу влијае на вкусот на храната. Ако сакате да сварите нешто, водата треба да биде доволно солена. Toa гарантира дека јадењето ќе биде соодветно зачинето. Поголемиот дел од солта ќе испари или ќе заврши во мијалникот затоа, не грижете се. Ако додавате сол директно во јадењето треба да ставите помала количина. Започнете со додавање малку и зголемете ја количината. Не заборавајте да пробате после секое додавање.

Ако подготвувате месо треба да додадете една лажичка сол на половина килограм месо. Само внимавајте да не го посолите месото прерано. Пилешкото и свинското месо можат да имаат корист од подолг период на солење, но рибите и школките ќе се исушат доколку се пресолат, па затоа најдобро е да почекате и да ги посолите пред да ги подготвувате.

За да го подобрите вкусот на јадењето може да користите и морска сол. Предноста на крупната морска сол е во тоа што не се лепи за состојките, туку посолува толку колку што им е потребно.

Секогаш користете црн бибер

Покрај солта, црниот бибер е најкористен зачин во многу кујни ширум светот. Главно се користи во солени јадења, иако постојат неколку исклучоци каде мали количини на бибер се додаваат и во десерти. Се употребува во маринади, јадења со кари, ориз, супи, чорби, сосови, а и зимницата е незамислива без него. Црниот бибер е достапен преку целата година, а секогаш се препорачува да се купува црн бибер во зрно наместо мелен.

Користите само претходно сомелени зачини

Ако сакате да го подобрите вкусот на јадењето најдобро е да ги мелите зачините непосредно пред подготвувањето. Мелењето ослободува соединенија кои му даваат вкус и арома на зачинот. Од Витамника имаат и црн бибер во зрно со мелница, па можеме да уживаме максимално во корисните и гурманските придобивки, така што сами ќе си го измелеме во моментот на употреба.

Зачините ви траат долго

Ако користите суви зачини, проверете дали редовно ги обновувате. Ако ставите многу зачини и сеуште не го чувствувате нивниот вкус, тоа може да значи дека зачините ги користите предолго време. Колку се посвежи зачините, толку е посилен вкусот што го даваат.

Вашите зачини не се доволно зготвени

Термичката обработка на зачини како пржење во масло или путер подобро ќе ги ослободи вкусовите. Затоа, кога можете, загрејте ги зачините. Пржете ги во тава со малку масло додека станат миризливи, па додадете ги другите состојки.

Не пробувате додека подготвувате оброк

Единствениот начин за навистина да знаете што му треба на едно јадење е да го пробате. Исто така, не мора целосно да се придржувате до рецептот. Количината на зачин што некој ја препорачува може да биде премногу мала или премногу голема за да одговара на вашиот вкус.

Совет плус:

Секогаш користете мешавина од внимателно одбрани, квалитетни и високо ароматични сушени зеленчуци, без кое не може да се замисли ниту едно јадење. Дафинка е универзален зачин кој се користи за подобрување на вкусот на сите видови јадења без оглед на тоа дали содржат месо или не. Се произведува од внимателно одбрани, квалитетни и високо ароматични сушени зеленчуци (пашканат, морков, целер, кромид, магдонос корен и лист). Дафинка, сите зачини на едно место!

Ви препорачуваме да прочитате: Најчести грешки при подготовка на чај кои можеби ги правите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: