Ламбе Алабакоски - Ти само кажи - нов спот

Летно и модерно, објавен новиот спот на Ламбе Алабаковски за „Ти само кажи“

Кога станува збор за Ламбе Алабаковски, секогаш знаеме дека она што го работи е вредно да се види и да се слушне. Од вчера веќе имаме можност да уживаме во неговиот нов видео спот за песната „Ти само кажи“. Летен и модерен звук, полн со емоција кој симболизира давање на несебична љубов.

„Целата тема на песната е поврзана со неостварена платонска љубов која суптилно се провлекува како во текстот, така и преку приказната во видеото кое е снимено во студио“, вели Ламбе.

Емоцијата и топлината која ја пренесува преку песна, Ламбе ја негува и во животот, па како љубители на храната и нејзината вредност во животот, го прашавме што посебно го инспирира и дали се придржува до одреден режим на исхрана, а еве што ни рече тој низ насмевка, „Од пред неколку години, точно 6, се придржувам кон постите кои ни се дадени од нашата православна црква! Тешко е да се каже дека постам, но се трудам да се воздржувам од обилна храна и пиење! Тоа е единствената според мене „диета“ која го јакне истовремено и духот. Има многу да се зборува на оваа тема, но ќе кажам еден цитат за крај….СЕ НИ Е ПОЗВОЛЕНО, НО НЕ НИ Е СЕ ПОЛЕЗНО… Поздрав до сите читатели и љубители на храна и рецепти!“

Откако ви го пренесовме поздравот од пријателски расположениот Ламбе, погледнете го спотот за песната „Ти само кажи“, кој е професионално сработен во едноставен минималистички стил и ќе ви овозможи вистинска награда за очи и уши. Уживајте!

Сподели: