Спорт и храна – балансирана исхрана е најважна додека се вежба 

Внимавањето на исхраната е важно без разлика дали имате редовна физичка активност или сè уште не сте се одлучиле за здраво хоби, бидејќи основна цел на сите треба да биде да се јаде здрава, разновидна храна која одговара на нашите енергетски потреби.  

Следењето упатства и професионални совети за здрава исхрана се важни доколку немате физички активности. Меѓутоа, кога вежбате, со оглед дека телото троши повеќе енергија, па затоа, освен ако не се обидувате да изгубите тежина, треба да јадете повеќе за да му ја дадете на телото потребната сила. Притоа, многу е битно да се внимава исхраната да биде балансирана, што значи внесување многу овошје и зеленчук, протеини и млечни производи, доволно јаглехидрати и течности. 

интегрален леб

Во балансираната исхрана клучно место заземаат и лебовите – интегрални лебови со подолг рок на траење и поголема нутритивна вредност. Овие лебови се направени од цели зрна жито и се извор на растителни влакнавитамини и минерали, а истовремено содржат малку маснотии. Комбинирањето на зеленчук, протеини и останатите производи со вкусен леб значи подобрена енергија и способност на телото да ги поднесе сите физички активности. 

Најголемиот производител на леб Жито Лукснеодамна на пазарот пласираше нова категорија специјални лебови со богата нутритивна вредност со супер зрна, супер семки и супер житарки. Трите вида леб се произведени со природни, минимално процесирани состојки, а во својот состав имаат и супер состојки, познати уште како „super foodsСтанува збор за Интегрален леб со супер житарки – и’зртени овес и спелта, Интегрален леб со супер семки – чија и тиква и Интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант.  

Жито Лукс како лидер во пекарската индустрија постојано ги следи светските трендови и ги имплементира во своето производство, со цел да ги задоволи континуираните барања за здрава исхрана. Трите нови, супер лебови успешно ги поттикнуваат потрошувачите да внесат балансирани навики во исхраната. 

*Спонзориран текст.

Сподели: