овесни колачиња со брусница

Овесни колачиња со брусница и цимет

Крцкави и вкусни! Омилените здрави овесни колачиња може да ги направиш и дома. Збогатени со брусница и ленено семе изобилуваат со хранливи состојки, па ајде да ги пробаме!

Неколку придобивки од состојките кои се користат:

  • Брусницата им дава сладок вкус и ги збогатува со антиоксиданси. 
  • Лененото семе и овесните снегулки ги обезбедуваат со растителни влакна кои помагаат за подобра дигестија. 
  • Ладно цеденото масло од ленено семе ги збогатува со здрави масти – полинезаситени масни киселини и омега -3. Омега-3 масните киселини се потребни за здрава функција на кардиоваскуларниот, коскениот, нервниот, респираторниот и дигестивниот систем.  Прочитај зошто лененото масло го препорачуваат нутриционистите: Ленено масло за добро здравје на срцето.
овесни колачиња со брусница и цимет

Состојки:

  • ¼ чаша Фила масло од ленено семе 
  • ½ чаша кафеав шеќер
  • ¼ чаша шеќер
  • ¼ чаша вода 
  • 1 големо јајце 
  • 1 лажичка екстракт од ванила 
  • 1 чаша брашно
  • 2,5 лажици ленено семе 
  • 1/3 чаша овесни снегулки 
  • 1 лажица густин 
  • 1 лажичка цимет 
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 70 г сува брусница или суво грозје.

Подготовка: 

  1. Пуштете ја рерната да се загрева на 190 степени. 
  2. Плехот обложете го со хартија за печење. 
  3. Во длабок сад за матење ставете ги маслото, водата, шеќерот и кратко изматете со миксер. Во садот додајте ги јајцето и ванилата. Повторно изматете. 
  4. Во друга голема чинија измешајте ги брашното, содата бикарбона, солта, густинот и циметот. 
  5. Смесата со брашното постепено додавајте ја во садот со јајцето и мешајте со шпатула или лажица. Потоа додајте ги овесните снегулки, лененото семе и бруснцата. Измешајте убаво.
  6. Со лажица за сладолед или друга голема лажица земајте од тестото и формирајте топчиња. Топчињата наредете ги во тавата, а притоа оставете растојание од 4-5 см измеѓу нив. Колачињата печете ги 6-7 минути. Тавата извадете ја од рерната и оставете ги печените овесни колачиња да се изладат 30 минути. Потоа послужете ги. На здравје!

Од наведената количина ќе добиете 12  колачиња, а нутриривната анализа е следната:

нутритивна анализа за овесни колачиња

Информација плус:

Ладно цеденото масло од лен може да се најде во поголемите маркети низ земјата или да се нарача од веб продавницата на Фила.

смути

Кликни и прочитај плус за придобивките од лененото масло. 

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: