Мирисите се моќни! Толку се моќни, што една студија од Оксфорд докажа дека мирисот е најзначајниот фактор за сексуалната привлечност. А тоа му дава ново значење на мирисот на вашата облека. Ако и вие се соочувате со непријатен мирис на облеката во плакарот, пробајте некои од овие трикови кои ќе ви помогнат алиштата да бидат свежи и да мирисаат одлично.
Мелено кафе
Меленото кафе ги апсорбира мирисите, па може да го поставите во вашиот плакар и да ја елиминирате непријатната миризба. Земете еден сад и ставате мелено кафе. Затворете го со алумниумска фолија, а на отворот направете неколку дупки. Садот поставете го во плакарот. Еднаш месечно заменете го кафето, за да може да се одржи свежината. Исто така, со помош на кафето може да направите природен освежувач за фрижидер.

Памучни топчиња и парфем
Парфемот не го апсорбира непријатните мириси, но може да ги прекрие. Земете неколку памучни топчиња и испрскајте ги со парфем. Поставете ги на неколку места низ плакарот.
Поставете ароматични растенија во памучни вреќички
Земете мали памучни вреќички и наполнете ги со омилените ароматични растенија. Ние ви препорачуваме да користите суви цветови од лаванда кои освен што ќе ги освежат алиштата, штитат и од молци. Вреќичката заврзете ја и поставете ја во плакарот. Исто така овие вреќички може да ги поставите во џебовите на јакните или во облеката која ја носите поретко.
Направете освежителен спреј за алишта
Земете едно шише со прскалка, ставете вода, а потоа додајте неколку капки од вашето омилено есенцијално масло. Измешајте и испрскајте ги алиштата. Доколку немате при рака есенцијално масло, ви предлагаме да направите домашно ароматично масло од лаванда и да го користите по потреба.
Ви предлагаме да прочитате: Природен освежувач за простории.