Како да направите масло од лаванда 1

Како да направите масло од лаванда?

Ако знаете да го употребите, домашното масло од лаванда може и тоа како да биде корисно за прва помош во одредени ситуации. Интересно е што има слично дејство како и алкохолот, а не пече! Лавандата ја поттикнува регенерацијата на кожата, а покрај тоа мириса прекрасно!

Листата на корисно дејство за масло од лаванда е долга…

Акни, масна кожа, дерматитис, циститис, псоријаза, екцеми, атлетско стапало, алергија, астма, бронхитис, воспалено грло, инфекции на усната празнина, кашлица, воспалени синуси, коњуктивитис, мигрена, главоболка, модрици, изгореници, исекотини, вознемиреност, депресија, стрес, покачен крвен притисок, болки во ушите, непријатен здив, тешкотии со варењето на храната…

Лавандата во вид на облога одлично ублажува опекотини и рани, бидејќи има силно антисептичко дејство. Бројни истражувања потврдиле дека лавандата го смирува нервниот систем. Така, силата на „терапијата“ со етерично масло од лаванда ја поистоветуваат со дејството на поблагите лекови против несоница. Заради тоа, во народот е познато дека луѓето ставале во перниците ароматични цветови од лаванда кои со својата арома полесно им овозможувале сон. Етеричното масло од лаванда се користи против главоболка и депресија. Се ставаат само неколку капки во сад со врела вода и едноставно се вдишува од лековитата пареа. Инхалирањето на ова масло делува како тоник за целиот организам, освежува и намалува исцрпеност.

Како да направите масло од лаванда 2

Како да направите масло од лаванда?

Состојки:

  • 1 грст свежи или суви цветови од лаванда (може и делови од стеблото)
  • 1/2 литар eкстра девствено маслиново масло.

Подготовка:

  1. Листовите и/или гранчињата од лаванда, било да се свежи или суви, ставете ги во поголем сад.
  2. Во садот додајте го маслото, а потоа мешавината оставете ја да стои на топло и сончево место најмалку 3 дена.
  3.  Маслото исцедете го со филтер за кафе, за да се отстранат парчињата лаванда.

Совети плус: Во однос на подготовката на маслото, и покрај тоа што можете да правите масло со свежи цветови, повеќе се препорачува да користите суви, бидејќи искуството покажало дека трајноста на маслото со суви цветови е подобра. Доколку сакате да добиете масло од лаванда со поинтензивен мирис, само повторете ја постапката со нови цветови од лаванда и овој пат употребете го веќе процеденото масло кое сте го добиле.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно ароматично масло за масажа и релаксација.

Сподели: