чај главоболка

Најдобрите природни лекови за главоболка

Дали знаете некој човек кој нема почувствувано главоболка? Сигурно секој ден среќавате некој што се жали дека го боли главата. Ако земеме во предвид дека голем број на луѓе спијат помалку од 8 часа дневно, се хранат нередовно и нездраво, постојано се под стрес, тогаш воопшто не е чудна појавата на главоболката.

Како најлесен начин, често се посегнува по апче за главоболка кое само за неколку минути ја смирува болката. Но, така ќе биде само додека помине неговото дејство, а потоа пак ќе се појави истиот проблем.

Наместо апчиња, пробајте да го решите проблемот со природни лекови, кои се ефикасни против најчестите типови на главоболки. Најпрво, треба да знаете за каков тип на главоболка станува збор.

Тензиона главоболка

Ова е најчестиот тип на главоболка. Карактеристично е тоа што се чувствува притисок, а болката преминува од едното уво, преку предниот дел на главата, до другото уво. Болката е предизвикана од контракцијата на мускулите кои го покриваат черепот, а најчесто се појавува поради стрес и недостаток на сон.

Може да ви помогне:  Масло од нане

Ставете на рацете малку масло од нане и со него направете масажа на челото, слепоочниците и задниот дел на главата. Тоа ќе создаде чувство на ладење и ќе ви ги релаксира мускулите во главата и вратот.

Чај од ѓумбир

Купете свеж ѓумбир и ситно изрендајте 2-3 см од коренот, а потоа ставете го во врела вода за време од 5 до 10 минути. Овој чај го ублажува воспалението, како и аспиринот.

чај главоболка

Кластер главоболка

Карактеристично за оваа главоболка е тоа што болката е концентрирана во една точка. Болката е придружена со течење на носот и треска, а често се нарекува хистаминска главоболка. Овие главоболки најчесто се појавуваат во зима поради честите температурни промени.

Може да ви помогне: Крем кој содржи капсаицин

Активна состојка во овој крем е црвената пиперка. Нанесете мала количина на крем во ноздрата од носот, која се наоѓа на страната на главата каде што е болката. Кремот дејствува на тој начин што ги блокира нервните сигнали за болка.

Мигрена

При мигрена болката најчесто се појавува на едната страна на главата. Мигрената е наследна и е три пати почеста кај жените отколку кај мажите. Експертите сметаат дека мигрената предизвикува нервни сигнали до мозокот кој пак погрешно ги анализира, како сигнали за болка.

Може да ви помогне: Масажа со акупресура

Овој древен кинески метод на лекување вклучува примена на притисок на одредени точки на телото за да се ублажи болката. Масирајте нежно со една рака во пределот помеѓу палецот и показалецот на другата рака, три до пет минути, а потоа истата постапка направете ја на другата страна.

Сподели: