Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат жените се потечените, уморните очи, како и темни кругови околу очите. Темните кругови и подочниците можат да бидат приченит од повеќе фактори како замор, стрес, недостаток на сон, стареење, генетика, пиење премногу алкохол, пушење и лоши навики во исхраната.
Ви откриваме едноставен трик кој ќе ви помогне да го решите овој проблем ефикасно, а клучната состојка е сода бикарбоната.

Домашен третман со сода бикарбона кој ќе ви помогне да се ослободите од темните кругови околу очите
За да го направите овој третман потребни ви се:
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 чаша врела вода
- памучни тупфери.
Се што треба да направите е да измешате сода бикарбоната во топлата вода. Потоа земете памучни тупфери и потопете ги во растворот со сода бикарбона.
Тупферите ставете ги под очите, односно на местото каде што имате темни кругови. Оставете ги да делуваат за време од 10 до 15 минути, а потоа измијте го лицето и нанесете хидратантен крем.
Доколку го применувате овој третман со сода бикарбона секој ден, за само две недели ќе забележите драстична разлика.
Совети плус:
- Спијте доволно! Во текот на спиењето организмот самостојно ја подобрува состојбата која настанала околу очите.
- Избегнувајте алкохол и цигари. Ограничете го консумирањето на алкохолните пијалоци и цигарите, затоа што нивната претерана употреба предизвикува дехидратација на кожата, а со тоа темните кругови се уште поинтензивни.
- Користете кремови со заштитен фактор и избегнувајте силно сонце.
Ви предлагаме да прочитате: Ослободете се од темните подочници за 2 недели со домашен препарат.