чистење на микробранова печка

3 трикови за лесно чистење на микробрановата печка

Празничната еуфорија само што започна! Куќните слави се во тек, а новогодишните празници се на прагот. Сигурно сте поангажирани во кујната, приготвувате убави јадења, но што е со досадното чистење на крајот? Имаме неколку супер трикови за чистење на микробрановата печка кои се добредојдени во било кој момент. 

Кујнските трикови за чистење на домот може да ви заштедат време, енергија и пари! Добро е да ги знаеме сите тие мали тајни кои го олеснуваат секојдневието, а чистењето го прават полесно и поедноставно. Микробрановата печка е корисен кујнски уред, кој често се занемарува кога е во прашање чистењето. Наталожените нечистотии со тек на времето стануваат се потешки за чистење, па изборот на начини за нивно отстранување постепено се намалува. – Повеќе не мора да биде така! Благодарение на овие трикови за лесно чистење на микробрановата печка со леснотија ќе ги исчистите и најтврдокорните дамки.

трикови за лесно чистење на микробрановата печка

Чистење тврдокорни дамки со сода бикарбона и вода

Доволно е мало невнимание за микробрановата печка да се претвори во вистински хаос. А, потоа нејзиното чистење е тешко и комплицирано и на никој не му е омилена активност. Но, добро познатата сода бикарбона е пријател на секоја кујна! Таа може да ви помогне за чистење на тврдокорните дамки кои се наталожиле врз миркобрановата печка.

Состојки:

  • 2 лажици сода бикарбона
  • 1 литар топла вода.

Постапка за чистење:

  1. Во подлабок сад помешајте 1 литар топла вода со 2 лажици сода бикарбона.
  2. Во добиениот раствор натопете микрофибер крпа и избришете ја внатрешноста на микробрановата печка.

Забелешка: За мрсни и упорни дамки направете густа паста од сода бикарбона и вода. Исто така важно е да се знае што може, а што не, да се користи во микробранова печка, бидејќи тоа може дополнително да ја оштети и извалка.

Може да ве интересира: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.

Чистење со лимон и вода

Имате неколку парчиња лимон? Искористете ги и исчистете ја микробрановата печка. Пареата од водата заедно со состојките од лимонот ќе ви помогнат за блескаво чиста микробранова печка.

Состојки:

  • 2 чаши вода
  • неколку парчиња лимон или лимонов сок.

Постапка за чистење:

  1. Во сад наменет за користење во микробранова печка ставете 2 чаши вода и неколку парчиња лимон или лимонов сок.
  2. Загрејте ја водата во микробрановата печка во времетраење од 3-5 минути додека зоврие.
  3. Оставете ја водата да врие уште дополнителни 5 – 10 минути. За тоа време пареата од водата и лимонот ќе имаат време да дејствуваат врз нечистотиите и маснотиите во внатрешноста на микробрановата печка.
  4. Потоа, внимателно извадете го садот со врелата вода и избришете ја внатрешноста на микробрановата печка со влажна и чиста крпа.
  5. На овој начин остатоците од храна и тврдокорните мрсни дамки би требало во целост да се исчистат.

Чистење со оцетна киселина и вода

Ако немате лимон на располагање, за чистење на микробранова печка искористете оцетна киселина. Постапката за чистење е слична како и претходната.

Состојки:

  • ½ чаша вода
  • ½ чаша оцетна киселина.

Постапка за чистење:

  1. Во сад наменет за користење во микробранова печка ставете ½ чаша вода и ½ чаша оцетна киселина.
  2. Садот ставете го во микробрановата печка и пуштете ја на најсилно за време од 3 – 5 минути додека зоврие водата. Оставете ја течноста за врие уште неколку минути.
  3. Потоа, внимателно извадете го садот со врелата вода и избришете ја внатрешноста на микробрановата печка со влажна и чиста крпа.
  4. За потврдокорни дамки постапката повторете ја уште еднаш.

Се надеваме дека ви се допаднаа нашите начини за чистење. А која е вашата тајна за чиста микробанова печка?

Ви препорачуваме да прочитате: 10 примени на содата бикарбона во козметиката.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: