10 примени на содата бикарбона во козметиката 1

10 примени на содата бикарбона во козметиката

Освен што е позната како прехранбен адитив и средство за чистење во домаќинството, содата бикарбона има многу повеќе намени кога станува збор за хигиената и здравјето. Во склоп на козметичката примена, содата може да биде додаток на препаратите или дури и да замени голем број од нив.

Во таа насока, еве неколку примери во кои може да ја искористите, а за подобар квалитет ви препорачуваме сода бикарбона без алуминиум.

10 примени на содата бикарбона во козметиката 2

Пилинг

Доколку измешате сода бикарбона со вода (во сооднос 3:1), ќе добиете одлична смеса за пилинг на лицето, лактите и петиците. Ваквиот пилинг ги отстранува мртвите клетки на епидермисот и кожата добива сјаен изглед.

Хигиена на лицето

Со својата зрнеста структура има способност истовремено да ја отстрани шминката длабински и повторно како и со пилингот, да направи чистење на кожата од мртвите клетки. Резултатот е чиста и мазна кожа.

Третман на акни

Како алкална супстанца, содата делува бактерицидно на причинителите на акните. За третман против акни, прво наводнете ги рацете и лицето, а потоа направете паста од сода. Нежно масирајте го лицето, но не повеќе од 1 минута. Исплакнете со ладна вода и избришете.

Белеење на забите

Ако при секое миење додавате мала количина на сода, забите ќе станат значително побели. Мора да напоменеме, да не претерувате со количината, затоа што ќе ја оштетите забната глеѓ, а ниту тоа да го правите постојано. Направете третман неколку денови по ред, а потоа паузирајте. Погледнете рецепт за домашна паста со сода за белеење на забите.

Длабинско миење на косата

Додајте малку сода во шампонот за капење и измијте ја косата. Во овој случај содата ги отстранува сите наслаги кои се наталожени на влакното, а освен тоа кожата на главата „дише“ подобро.

Ги омекнува заноктиците

Измешајте сода со вода и нежно масирајте ги ноктите и заноктиците. Потоа, добро исплакнете.

Несакани брадавици

Постојат истражувања кои тврдат дека кога содата бикарбона се измеша со лимонов сок, има способност да отстрани непосакувани брадавици. Ваквата паста треба да се нанесува само на зафатеното место. Се остава да се исуши, а потоа се плакни со вода.

Купка за тело

Доволно е да додадете 3-4 лажици сода бикарбона за време на топла купка, за вашата кожа да биде чиста и мазна. Тоа се должи на својството на содата да делува како пилинг и чистач на нечистотии. По завршувањето на купката, важно е темелно да се исплакнете за да се спречи иритирање на кожата.

Купка за стапала

Измешајте 2 мали лажички сода бикарбона со 1 лажиче морска сол, а потоа додајте млака вода. Потопете ги стапалата во купката и оставете ги да стојат околу 20 минути. Содата ќе ги отстрани сите нечистотии од стапалата и ноктите. А, доколку сакате да ги омекнете петиците, направете пилинг со сода.

Каснувања од инсекти

Ако на место на кое ве каснал инсект ставите малку паста од сода и вода, чешањето и отокот ќе се намалат.

Совети плус: Содата бикарбона има најдобри својства кога е без алуминиум. Ваква сода може да набавите од Витаминка од поголемите маркети, а доколку сакате да прочитате зошто ви ја препорачуваме баш неа, кликнете на овој линк.

За крај, доколку имате намера да применете од погореспомнатите третмани, добро едуцирајте се, прво тестирајте со мали количини и внимавајте да не претерате со повторувањата или зачестеноста на третманите. За медицински состојби, задолжително консултирајте се со својот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.

Сподели: