Сода бикарбона без алуминиум - лесно достапен народен лек 1

Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек

Содата бикарбона со право е наречена „медицинско чудо“, поради многу причини! Нема човек кој не слушнал за неа, зашто има многу употреби и голем број на корисни и здравствени придобивки. А, во денешно време e одлично што може да си набавиме сода бикарбона без алуминиум! Таа е лесно достапна и во народната медицина е добро позната како природен лек.

Токму на оваа тема направивме мало истражување. Ви откриваме што велат научните истражувања од светот за овој благороден и скоро бесплатен лек.

Сода бикарбона без алуминиум - лесно достапен народен лек 2

Содата бикарбона е корисна при широк спектар на болести

Постојат повеќе научни докази кои укажуваат на тоа дека содата бикарбона без алуминиум може да стане примарен и универзален медикамент за широк спектар на заболувања. Некои истражувања тврдат дека може да се користи од третмани на габични заболувања, па сѐ до подобрување на состојбата при канцер и дијабетес. Поради тоа, одредени истражувачи сметаат дека таа треба да биде дел од третманот и лечењето на многу болести на денешницата.

На што се должи позитивното влијание на содата бикарбона без алуминиум?

Милиони луѓе ширум светот консумираат од овој „природен лек“ во водата за пиење, поради превенција или како терапија кај клиничка ацидоза – во народот многу позната состојба како „киселини во желудникот“.

Во голем број на развиени земји од ЕУ, од страна на онколозите, со децении наназад содата бикарбона рутински се применува со цел да се намали токсичното дејство на хемотерапијата и зрачењето.

Неодамна во маркетите ја забележавме новата сода бикарбона без алуминиум на Витаминка. Произведена е според високите стандарди за квалитет на Витаминка и доаѓа во практично пакување за лесна примена, односно во мали ќесички – џебно пакување, кои може да ги понесете лесно секогаш и секаде во случај на потреба. Идеална е за лица кои имаат желудочни проблеми или пак користат сода бикарбона за алкализација на организмот, а за повеќе корисни информации ви препорачуваме да го дочитате текстот до крај.

Што се случува во телото кога земаме сода бикарбона?

Сите биохемиски реакции кои се одвиваат во клетките на нашето тело се зависни од рH вредноста. Колку е пониска телесната рH вредност, претставува толку поголем проблем за клеточната физиологија. Некои од причинителите на ниска или кисела рH вредност може да бидат:

  • често внесување на синтетички лекови
  • исхрана базирана на намирници кои резултираат со киселост во организмот
  • стрес
  • искажување и насобирање на негативни емоции.

Сите овие причини може да доведат до разорување на клетките и до сериозни здравствени заболувања како што се канцерот, кандидијазата, кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, остеопорозата, чирот на желудник и слично.

Фактот дека нашето тело најдобро функционира во некисела т.е. алкална средина, оди во прилог на содата бикарбона. Нејзиниот корисен спектар е навистина многу широк. Со внесувањето на содата бикарбона без алуминиум се неутрализира ниската рH вредност, односно се воспоставува рH баланс во внатрешноста на клетките. Таа дејствува така што ги шири крвните садови и го поттикнува ослободувањето на кислородот во ткивата, зголемувајќи ја притоа рH вредноста.

Зголемената рH вредност на урината спречува кристализација на мокрачната киселина во внатрешноста на мочните канали, а со тоа помага против низа последици како што се дијабетес, срцеви заболувања, срцев удар, гихт, камен во бубрезите итн.

Се смета дека истовременото внесувањето на сода бикарбона и магнезиум хлорид, помага во третманот против срцеви заболувања, невролошки заболувања и потешки облици на грип. Тврдењата од некои истражувачи се дека делувањето на овие две супстанции заедно, ефикасно ги отстранува токсините и киселините од клетките, ткивата и органите.

Сода бикарбона без алуминиум - лесно достапен народен лек 3

Исхраната е важен елемент за одржување на доброто здравје

За крај, нашата исхрана, односно изборот на намирници кои ги консумираме, имаат важна улога во одржувањето на телесниот рH баланс. Современата, конвенционална и урбана исхрана, во голема мера се базира на преработени намирници и брза храна, а тоа не е во корист на здравјето. Секој од нас сака да ужива во разните неизмерно вкусни јадења, а не треба да забораваме тоа да го правиме умерено, зашто по зачестена употреба на истата, доведува до намалена телесна рH вредност. Јадете свежо овошје и зеленчук, пијте билни чаеви и бидете умерени во секое уживање. А ако имате здравствен проблем и сакате да пробате да го решите со помош на содата бикарбона без алуминиум, задолжително консултирајте се со својот лекар!

Ви препорачуваме да прочитате: Пролетно чистење на кујната со сода бикарбона.

Сподели: