Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на Биотехничкиот факултет во Битола

Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на Биотехничкиот факултет

М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска Спасеновска, основачите на ЗЕК СЕ ЗА ХРАНА и главни уредници на sezahrana.mk, во соработка со Факултетот за биотехнички науки – Битола, во вторникот, на 25.12.2018 година, одржаа предавање на тема „Мојата успешна приказна“.

Ова предавање претставува продолжение на заедничките академско образовни иницијативи и соработка помеѓу ЗЕК СЕ ЗА ХРАНА и Факултетот за биотехнички науки.

предавање биотехнички факултет

Пред студентите, М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска Спасеновска говореа за идејата, почетоците и значењето на ЗЕК СЕ ЗА ХРАНА која како организација има за цел да го едуцира и поттикне населението за почеста консумација на здрава храна, да презентира брзи, здрави и лесни рецепти, но истовремено да ја промовира традиционалната македонска кујна. Тие истакнаа дека креирањето на партнерства помеѓу невладиниот сектор, науката, државните органи и претпријатијата се клучен фактор во подигнувањето на јавната свест за значењето на храната.

Покрај тоа, студените беа запознаени со можностите за нивна поголема активност и вклучување во организацијата, овозможување на практична работа, учество на семинари, работилници, конференции, обуки и курсеви во земјата и странство, од областа на храната и здравиот начин на живот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: