Ајварот е одлична состојка, а сега го имаме во големи количини и пресно припремен, па ви предлагаме превкусен рецепт за солен ролат со ајвар, кој има пикантен вкус и е декоративен за да ја краси трпезата при разни пригоди. А, штом рецептот ни доаѓа од Kuhinjica Mignone, знаете дека е пробан и сигурни сме дека е добар!

Состојки:
За ролат:
- 100 гр маргарин
- 100 гр брашно
- 1/2 литар млеко
- 1 рамна лажичка сол
- 3 лажици ајвар (може благ или лут)
- 6 јајца.
За фил:
- 300 гр полномасно сирење
- 300 гр шунка исечена на тенки парчиња
- 200 мл кисела павлака
- 1-2 лажички мелена црвена пипер
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Најпрво растопете го маргаринот, а потоа пропржете го во него брашното.
- Додавајте по ладното млеко малку по малку, а при тоа внимавајте да не настанат грутчиња.
- Додајте и малку сол, па со повремено мешање гответе додека смесата се згусни.
- Откако смесата се згуснала, додајте го и ајварот, измешајте и оставете да се излади.
- Белките изматете ги убаво, да добијат конзистенција на цврст снег, а жолчките додајте ги во изладената смеса.
- На крај внимателно соединете ги сите состојки и ставете да се печи во плех, претходно обложен со хартија за печење. Доколку сакате да добиете помали и потенки ролати со повеќе парчиња, припремената смеса поделете ја на 2 дела, кои ќе ги печете на два пати. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, доколку е голем ролат, или 15 минути, доколку сте ја поделиле смесата на 2 помали ролати.
- Готовата кора префрлете ја врз влажна пацета, веднаш замотајте ја во ролна и оставете ја да се излади.
- Одмотајте ја изладената кора и отстранете ја пацетата.
- Премачкајте прво со намазот од сирење (сирењето изгмечете го со вилушка, а потоа додајте ги во него зачините и изматете ја киселата павлака), а неколку лажици од филот оставете на страна. Преку намачканиот фил распоредете ги исечените парчиња шунка, па додајте го останатиот намаз од сирење и завиткајте го ролатот.
Пикантниот солен ролат со ајвар е готов и спремен за консумација, а пред тоа ви препорачуваме да го оставите да стои неколку часа во фрижидер за убаво да се стегне и да уживате максимално при неговата дегустација. На здравје!