пијалак против несоница

Природен напиток против несоница

Несоницата е проблем со кој се соочуваат голем број на лица. Недостатокот на сон сериозно влијае врз здравјето. Многумина користат лекови за несоница, кои понекогаш го олеснуваат овој проблем, но од друга страна може да доведат до други непосакувани последици. Затоа е најдобро да пронајдете природно решение за лесен сон.

За среќа постојат голем број на природни намирници кои ќе ви помогнат за лесен и мирен сон. Еден од нив кој е апсолутно безопасен по здравјето е мускатниот орев.

Мускатното оревче е еден од најстарите зачини кои се користат во исхраната. Во составот содржи компоненти коишто имаат силно изразено антибактериско дејство. Освен тоа, помага и во олеснување на варењето на храната, ги неутрализира гасовите и помага при сосојби како хроничен колитис, дијареја и гастроентеритис. Тоа е богато со минерали како што се бакар, калиум, калциум, манган, железо, цинк и магнезиум. Калиумот е многу важен за здравјето на клетките и телесните течности кои помагаат за одржување на правилна работа на срцето и здрав крвен притисок.

Докажано е дека мускатното оревче одлично го решава проблемот со несоницата. Во својот состав содржи миристицин, состојка која го спречува производството на ензими кои го предизвикуваат стресот, а се главни причинители за појава на несоница.

Миристицинот и елемицинот, се две состојки кои се пронајдени во овој зачин, а докажано ја стимулираат и негуваат функцијата на мозокот.

несоница

Пијалак од мускатно оревче за лесен сон

Сосотојки:

  • ¼ мала лажичка мускатно оревче во прав
  • 200 мл вода или млеко по желба.

Подготовка:

  1. Сѐ што треба да направите е да измешате ¼ мала лажичка мускатно оревче во прав со чаша вода или млеко, и да го испиете овој пијалак пред спиење.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за подобар сон и храна за опуштање пред спиење.

Сподели: