Совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи

Проблемите со спиењето се многу чести кога температурите надвор се високи. Добар сон е неопходен за организмот, а ретко кој го има во текот на летото. Ветер од никаде, а спиењето покрај пуштена клима не е многу препорачливо. Па, што ни преостанува тогаш? – Еве неколку совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи.

Знаеме дека цврст и непрекинат сон е од големо значење за правилно функционирање на организмот. Високите температури за време на летните ноќи може да се одразат негативно врз здравиот сон. Затоа, во продолжение ви откриваме неколку совети за подобар сон во топлите летни ноќи.

совети за подобар сон во летните ноќи

Одржувајте го вашето тело хидрирано

Пијте доволно течности во текот на денот. А, ако не сакате да пиете многу вода, ќе најдете многу рецепти за освежувачки сокови и шејкови на нашата страница.

Обидете се да станете порано наутро

Најубаво е во летните денови да станувате порано, за време на утринската свежина. А доколку вежбате, најдобро време за вежбање се раните утрински часови.

Покривајте се и спијте исклучиво со памучни чаршафи

Заборавете на сатенот и сите други материјали кои не апсорбираат пот. Обрнете внимание на тоа од што се направени перниците. Спиењето на перници направени од сè попопуларна мемориска пена може да биде многу жешко и непријатно во лето.

Не ги покривајте нозете ноќе

Целата топлина доаѓа од нозете, како што тоа се случува кога ни е ладно. Слободно отворете го прозорецот за да оставите провев да ја излади вашата соба во текот на ноќта. Можете исто така, да ја подесите климата да не дува силно, ниту директно во вас или да го оставите вентилаторот вклучен на најмала брзина, но оваа опција не доаѓа предвид кога станува збор за деца или треба добро да се прилагоди облеката и поставеноста на креветчето.

Постудено туширање пред спиење

Туширањето ќе ви помогне да се чувствувате подобро и ќе ви помогне полесно да заспиете.

Ладни облоги на задниот дел на вратот или колената пред спиење

Ладните облоги ќе ви помогнат да го разладите телото и полесно да ја поминете ноќта. Овој совет особено се препорачува за жени во менопауза кои имаат проблеми со топли бранови.

Имате несоница? – Еве што може да ви помогне!

Магнезиумот може да го подобри вашиот сон. Тој игра значајна улога за нервниот систем, така што му помага да ги активира механизмите кои го смируваат и опуштаат телото. Освен тоа, повеќе истражувања потврдуваат дека магнезиумот помага за намалување на симптомите на анксиозност и депресија, кои и тоа како се силни причинители на несоница и испрекинат сон.

Во оваа насока имаме препорака на додатоци во исхраната кои помагаат:

  •  Magnesium Citratе. Од нашите истражувања и споделени позитивни искуства од вас, од додатоците во исхраната достапни на нашиот пазар, ги препорачуваме  Magnesium Citrate таблетите и Magnesium Citrate меките капсули на Now Foods. Magnesium Citrate на Now Foods значително помага за нормално функционирање на нервниот систем, што е важно за добар сон.
  • L-Tryptophan. Претставува критична аминокиселина за телото да може да го создаде хормонот на „среќата“ – серотонин, кој помага за зачувување на мирот и постигнување на опуштеност. Повеќе лекови кои се користат за третирање на депресија, делуваат преку зголемување на нивото на серотонин во мозокот. Телото го користи триптофанот за да креира 5-хидрокситриптофан (5-HTP), кој подоцна се трансформира во серотонин. Едно истражување вели дека земањето на триптофан во форма на 5-HTP како суплемент има мал удел во третирање на депресијата, додека се смета дека земањето на L-Tryptophan како суплемент има поизразено влијание. Освен ова, истражувањето покажало дека зголеменото ниво на серотонин, ефективно влијае врз намалување на предменструалниот синдром и неговите симптоми, што го подобрува сонот кај жените.

Предложените додатоци може да ги купите и повеќе да прочитате за нив тука, или ако ги посетите поголемите аптеки.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: