Пијте вода, дури и ако не сте жедни 1

Пијте вода, дури и ако не сте жедни!

Водата може да ни помогне во спречување на бројни здравствени проблеми, а можеби не сте обрнале многу внимание, но во голема мера влијае на изгледот и расположението. Постојат повеќе причини зошто треба да пиеме вода и кога не сме жедни, а во продолжение ќе може да се информирате повеќе за нив.

Сите знаеме колку е важна водата за организмот. Редовното пиење на повеќе чаши вода ја зголемува концентрацијата и отпорноста кон разни заболувања. Водата придонесува за добро ментално и физичко здравје, и здрав изглед на кожата. Дополнително, водата помага во намалување на стресот и главоболките што е од големо значење за нас!

Водата го намалува апетитот и му помага на телото да ги разгради насобраните масти. Намалениот внес на вода доведува до поголемо таложење на масни наслаги. Исто така, без доволна количина на вода бубрезите не функционираа како што треба.

Важност на водата за нашето тело

Нашето тело содржи 60-70% вода. Преку урината, потењето и дишењето, телото излачува околу 2 литри дневно, а преку спортски активности и стрес уште повеќе. Заради тоа е потребно постојано да се надополнува изгубената количина на вода. Тоа може да биде преку храната или преку течности, обично се препорачува по еден литар на 25 кг телесна тежина, а фактори од кои најмногу зависи се физичката активност, оптеретувањето и временските услови. Ако не внесуваме доволно вода во организмот, доаѓа до дехидрација, а посебно е важно да пиеме доволно кога сме болни, при покачена температура или вежбаме.

Пијте вода, дури и ако не сте жедни 2

Функција на водата

Водата има функција да го чисти телото, да ја зголемува одбрамбената способност на организмот, да овозможи пренос на материите во телото, како и да ја регулира телесната температура. Водата ја одржува рамнотежата на крвниот притисок и киселоста во телото, а со тоа забележуваме дека е важна за правилна циркулација и работа на органите.

Дали сте знаеле дека водата е клучна компонента на рскавицата? Погледнете од колкава количина на вода се состојат органите во нашето тело, изразено во проценти:

  • Коски 31 %
  • Мозок и срце 73 %
  • Бели дробови 83 %
  • Кожа 64 %
  • Мускули и бубрези 79 %.

Недостатокот на вода предизвикува дехидрација и слабеење на функциите на органите, што денес е многу чест фактор за повеќе болести. Кога веќе ќе ја почувствувате жедта, тоа значи дека телото е делумно дехидрирано, а симптоми на дехидратација се сува кожа, главоболка, замор, слабост и раздразливост, грчеви во мускулите, сува уста и очи, забрзана работа на срцето, намалено потење, мачнина и повраќање…

Пијте вода, дури и ако не сте жедни!

Човечкото тело мора да има доволно течност за правилно да функционира. Водата влијае на општото здравје, затоа наутро откако ќе станете прво напијте се барем неколку голтки вода, а потоа кафе. Кафето е силен диуретик, па затоа не пропуштајте со него да пиете и вода. Пијте чаша вода пред секој главен оброк, а ако имате дилеми и сакате да дознаете повеќе во врска со оваа тема, кликнете тука да прочитате. На тој начин ќе го намалите апетитот и ќе јадете помалку. И не заборавајте, 2-3 литри дневно ќе ве оджи здрави, свежи и енергични постојано!

Ви препорачуваме да прочитате: 12 функции поради кои водата е неопходна и важна за добро здравје.

Сподели: