Зелка, моркови и кремаст сос од мајонез споени во една од светски популарните салати! За време на постите бидете покреативни во кујната и испробувајте нови јадења. Наш предлог за овој период е вкусната и посна Coleslaw салата.
Може да ја послужите како прилог со похувани јадења како посни ќофтиња од грав или печени посни крокети од леќа и овесни снегулки. Доколку не постите треба да знаете дека совршено се вклопува со пилешко месо или пак месо приготвено на скара. А за уште поголемо уживање, послужете помфрит или салата од компири како втор прилог. Coleslaw може да ја додавате и во сендвичи, хамбургери и хотдози. Салатава се приготвува уште од 18-ти век, а ако ја немате направено дома, време е да се упатите кон кујната.

Состојки:
- 1 помала зелка
- 2 до 3 големи моркови
- 1 лажичка сол
- мелен црн пипер од Витаминка.
Посен прелив од мајонез за coleslaw салата:
- 1 чаша посен Витанез – мајонез
- ¼ чаша бела винска или јаболкова киселина
- ½ лажица шеќер
- ½ лажица сол.
Подготовка:
- Зелката пресечете ја на половина и отстранете ги горните листови. Секоја половина пресечете уште еднаш, а потоа ситно исчекајте ја. По желба зелката може да ја изрендате или да се исечкате со блендер. Ситно сечканата зелка ставете ја во длабока чинија за салата.
- Морковите излупете ги, па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ренданите моркови додајте ги во чинијата со зелката и измешајте. Зачинете со сол и мелен црн пипер.
- Во друга чинија ставете ги посниот Витанез, киселината, солта и шеќерот. Измешајте ги со лажица и пробајте малку од преливот. По желба додајте повеќе сол, шеќер или киселина.
- Преливот ставете го во садот со зелката и морковите, а потоа добро измешајте.
- Приготвената coleslaw салата ставете ја во фрижидер за време од еден час пред сервирањето. Доколку обожавате покремаста салата ставете од преливот врз сервираната салата или додајте 1 лажица посен мајонез пред да ја послужите. На крај наросете мелен црн пипер. Уживајте во светот на вкусовите и за време на постите!
Ви предлагаме да прочитате: Посна крем салата со цвекло и мајонез.
*Спонзориран текст