топ форма

Постигнете топ форма на телото на едноставен начин

Ако и оваа година донесовте одлука да се храните здраво и да внесувате помалку калории, тогаш сте на право место, затоа што имаме неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да ги реализирате своите планови. Нема да верувате, но ако секој ден внесувате 100 калории помалку, на крајот од годината ќе бидете околу 5 килограми послаби, а со редовно вежбање ќе ја постигнете идеалната топ форма на телото.

Немојте да внесувате дополнителни калории од пијалаците

Наместо да купувате сокови од кои поголем дел се богати со шеќер, а со тоа внесувате голема количина на празни калории, ви предлагаме да пиете ароматизирана вода. Во еден бокал со вода ставете различно овошје и зачини, промешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидерот. Од овошје ставете лимони, портокали, грејпфрут, јагоди, а од зачини свеж ѓумбир, нане или цимет. Наредениот ден, штом ви се припие сок, напијте се од ароматизираната вода.

Тестенините од бело брашно заменете ги со интегрални или со резанки од свежи тиквички

Со омилениот сос од мелено месо, наместо шпагети направете резанки од свежи тиквички. Земете една тиквичка и исечете ја на долги, тенки ленти.

топ форма

Исфрлете го шлагот и слатката павлака од кафето

Ако вашето кафе, редовно го пиете со шлаг или слатка павлака, потрудете се да ги избегнете калориите кои доаѓаат од нив. А наместо полномасно млеко, во кафето додавајте млеко со помал процент на масти.

Редовно вежбајте

За да добиете убава фигура на телото, покрај здравиот начин на исхрана, неопходно е редовното вежбање. Истражувањата покажале дека лицата кои консумирале здрава храна и внимавале на калориите, побрзо ослабеле и изгледале подобро, во споредба со оние кои само вежбале, без да внимаваат на исхраната.

Сподели: