Празнично украсување на прозорците со снегулки

Последни подготовки за празнично уредување на домот! Дали ги имате забележано исцртаните прозорци на рестораните и дуќаните низ градот? Ако сакате празнично да ги украсите прозорците со снегулки и други зимски мотиви, следете ги чекорите и разубавете го домот, исто како професионалците. А најдобро од сѐ е тоа што снегулките ќе може лесно да ги отстраните по завршувањето на празниците.

За да направите снегулки можете да користите купечки спреј за прозорци, но треба да знаете дека може тешко да се отстрани. Затоа, „направи сам“ можноста секогаш е подобра опција.

Празнично украсување на прозорците со снегулки

Потребни материјали:

  • бела паста за заби
  • сад со вода
  • сунѓер
  • шише со прскалка наполнето со вода
  • шаблони во форма на снегулки.

Подготовка:

  1. На хартија нацртајте или испечатете снегулки. Потоа исечете ги.
  2. Во помал сад ставете паста за заби и измешајте ја со малку вода за да добиете густа смеса.
  3. Снегулките потопете ги во садот со водата и притиснете ги на прозорците. Со помош на сува крпа избришете ја водата која се цеди од снегулките.
  4. Прозорецот испрскајте го со вода со помош на шишето со прскалката. Сунѓерот ставете го во мешавината од паста за заби и вода и со тапкање поминете околу снегулките. Почекајте неколку минути за да се исуши пастата за заби, а потоа тргнете ја снегулката од хартија. Уживајте во украсувањето!

Ви предлагаме да прочитате: Новогодишни декоративни ѕвезди од хартија.

Сподели: