Прва помош при болки во грлото, надуеност и несоница

Прва помош при болки во грлото, надуеност и несоница

Ве боли грлото, не можете да спиете или пак ме мачи надуеност? – Не посегајте веднаш по разни лекови. Обидете се проблемот да го решите со помош на природни средства: чај од глуварче, инулин, цреши… листата на намирници кои можат да ви помогнат е долга. 

Долгорочно гледано, земањето на разни таблети во секоја ситуација, без претходна консултација со лекар може да биде повеќе штетно отколку корисно за здравјето. Затоа предност дајте им на намирниците кои ги имате во кујната и на додатоците во исхраната.

Прва помош при болки во грлото, надуеност и несоница

Со чај од глуварче, инулин и Gluten Digest против надуеност

Чајот од глуварче има силно диуретско својство и помага во ослободување од вишокот течности во организмот. Исто така, помага и за разградување на мастите кои ги внесуваме со исхраната, а предизвикуваат надуеност.

Од додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат при надуеност можеме да ви ги препорачаме:

  • Inulin-от од NOW. Инулинот на NOW ® е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. На тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Нуди поддршка на цревната микрофлора, помага при кандида и ги чисти цревата, спречува опстипација и овозможува правилна работа на цревата: го помага развојот на нормалната цревна флора и ја олеснува дигестијата.
  • Gluten Digest. NOW Gluten Digest е ефикасен додаток кој може да помогне при симптоми на гасови, нетолеранција на глутен, нетолеранција на лактоза, надуеност, дијареја и запек. Ги подобрува симптомите при неправилно варење на храната.

Сируп од кајенска пипер и OralBiotic за болно грло

Направете си домашен сируп против болно грло и кашлица. Измешајте 1/4 мало лажиче кајенска пипер, 1 мала лажичка јаболков оцет, 2 лажици вода и 1 лажица мед.

За превенција и подобрување на состојбата при болно грло, може да ви помогне и OralBiotic. Од додатоци кои се достапни кај нас ви го препорачуваме:

  • Oral Biotic. OralBiotic успешно ја колонизира усната шуплина на сметка на други бактерии, промовирајќи го оралното здравје. Исто така помага да се подобри здивот кога се користи во комбинација со правилна орална хигиена. OralBiotic е напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекција на увото и други инфекции на горните дишни патишта.
Прва помош при болки во грло

Цреши и триптофан за ослободување од несоница

Малите и слатки цреши може да ви помогнат за подобрување на сонот, а тоа се должи на присуството на мелатонин. Мелатонинот помага за подобар и мирен сон. Свежите цреши не се достапни преку годината, па може да консумирате како компот или замрзнати како додаток во смути.

Исто така, пожелно е да консумирате и намирници богати со триптофан: јајца, домати, компири, банани. Поголемиот внес на триптофан доведува до поголемо производство на мелатонин, а со тоа и до поквалитетн сон. Доколку ви е потребен дополнителен внес на триптофан, ви го препорачуваме:

  • NOW® L-Tryptophan. L-Tryptophan претставува критична аминокиселина за телото да може да го создаде хормонот на „среќата“ – серотонин, кој помага за зачувување на мирот и постигнување на опуштеност. Зголеменото ниво на серотонин, ефективно влијае врз намалување на предменструалниот синдром и го подобрува сонот кај жените.

Предложените додатоци може да ги купите во поголемите аптеки или преку веб продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Што може да помогне при затнат нос во зима?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: