Придобивки, улога и извори на омега 3 масните киселини 1

Придобивки, улога и извори на омега 3 масните киселини

Омега 3 претставуваат полинезаситени масни киселини кои имаат драгоцено влијание врз човековото здравје. Нашиот организам не може да ги синтетизира, па токму заради тоа мора да се внесуваат преку исхраната. Во оваа прилика ќе спомнеме во кои намирници ги има и ќе објасниме зошто се важни.

Има неколку начини да го обезбедите својот организам со оптимални количини на здрави масни киселини. Еден од начините е правилниот избор на храна, па затоа е важно да знаеме кои намирници се најдобри извори на омега 3 масни киселини. Но пред тоа, да ги разгледаме придобивките за здравјето од нив.

Придобивки, улога и извори на омега 3 масните киселини 2

Овие корисни масти се сметаат за природен лек и пријатели на здравјето. Есенцијалните масни киселини се градбени материи од кои се произведуваат простагландини, кои регулираат голем број функции во телото, вклучувајќи ги синтезата на хормоните и имуниот одговор. Овие простагландини ги намалуваат воспаленијата, проширувањето на крвните садови, ја намалуваат коагулацијата на крвта и нивото на штетниот LDL холестерол, а во исто време го зголемуваат нивото на добриот HDL холестерол. Всушност, омега 3  се значајни се за повеќе функции и тоа:

  • за здравјето на кардиоваскуларниот систем
  • важни се за намалување на нивото на триглицериди во крвта
  • го намалуваат интензитетот на воспалителните процеси во телото
  • го зајакнуваат имунитетот
  • помагаат при алергии и псоријаза
  • поволно влијаат за време на бременост, како врз фетусот, така и врз бремената жена
  • го подобруваат менталното здравје и придонесуваат против депресија
  • олеснуваат симптоми на астма
  • влијаат поволно при покачен крвен притисок
  • корисни се при дијабетес
  • помагаат при остеоартритис, заболувања на коските и зглобовите
  • корисни се при кожни заболувања
  • поволно влијаат при менструални болки.

Факти плус зошто е добро да се внесуваат омега масните киселини

Имаат заштитна улога. Омега масните киселини се дел од човековата исхрана, а за нив се знае дека штитат од коронарни срцеви заболувања. Тоа е особено важно кога постојат ризични фактори како што се: старост, покачен крвен притисок, покачен холестерол во крвта. Научно е докажано дека омега масните киселини го кочат натрупувањето на тромбоцитите во крвните садови и влијаат на контракцијата на срцевиот мускул. Во неколку научни истражувања споредени се Ескими и Данци и зачестеноста на појава на артериосклероза и заболувања на срцевите садови. Со истражувањата се докажало дека Ескимите, кои претежно се хранат со разни видови морски животни и покрај многу суровите услови за живеење, во споредба со Данците имаат значително помал број на лица кои страдаат од артериосклероза и срцеви заболувања.

Омега-3 масните киселини за нормално ниво на триглицериди и холестерол во крвта. Омега-3 придонесува за одржување на нормалното ниво на триглицеридите и холестеролот во крвта. Затоа, нутриционистите препорачуваат два пати во текот на неделата да се консумираат риби или производи од риби, бидејќи во рибиното масло има многу омега-3. Притоа, треба да знаете дека постои разлика меѓу слатководните и морските риби. Слатководните риби кои се одгледуваат во рибници, содржат мононезаситена палмитолеинска киселина, додека морските риби се богати со полинезаситени масни киселини. Омега 3 масните киселини во комбинација со CoQ10, се заштитници на срцето и крвните садови. 

Кои се изворите на омега 3 масните киселини во храната?

Храната не е само задоволство во животот, таа е исто така важен фактор за нашето здравје и е незаменлив услов за оптимален развој и добро расположение. Па, еве кои намирници се богати со омега 3:

  • Сончогледово масло
  • Ленено семе
  • Ореви
  • Каранфилче
  • Сардини
  • Марула
  • Говедско месо
  • Лосос
  • Сенф
  • Тофу
  • Спанаќ
  • Мешунки
  • Соја
  • Ракчиња
  • Школки
  • Коренестите зеленчуци
  • Зелје
  • Малини
  • Боранија
  • Туна
  • Јагоди.

Ви препорачуваме да прочитате: Ореово масло за нега на лицето, посебно корисно во зима.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: