ореово масло

Ореово масло за нега на лицето, посебно корисно во зима

Оревот е исклучително здрава храна. Познато е дека најдобрите и најквалитетните колачи се секогаш оние со најмногу јаткасти плодови. Но, не само што може да се користи цврстото јадро од оревот, туку и неговото масло има широко примена, како во исхраната, така и за нега на кожата. Се добива со ладно цедење на плодот од оревот и е едно од најскапите растителни масла.

Според својот состав, маслото од орев има висока биолошка вредност и содржи голем процент на незаситени масни киселини, што го прави исклучително хранливо. Алфа-линоленската киселина (омега-3 масна киселина) го стимулира метаболизмот на клетките на кожата и размената на хранливи материи, го забрзува обновувањето на клетките и ја подмладува кожата. Линолеинската киселина (омега-6 масна киселина) која е суштинска компонента на надворешниот слој на кожата, формира кожна бариера и обезбедува нејзина заштита.

ореово масло за нега на лицето

Ореово масло за нега на лице

Маслото од орев можете да го користите за секојдневна нега. Кожата брзо и лесно го впива, а на површината остава заштитен слој. Одличен е и за суви и испукани делови од кожата, па можете да го користите за нега на усните, како и за нега на лактите и петите. Маслото од орев создава заштита од штетни надворешни влијанија и зголемено сушење на кожата, како за време на студените зимски месеци, така и за време на изложеноста на сончевите зраци во текот на летните месеци. Еве кои се главните својства на маслото од орев кои го прават толку посебно за лицето:

  • Антиоксидативно – Антиоксидансите ја намалуваат појавата на брчки и го забавуваат стареењето на кожата.
  • Антибактериско – Антибактериската компонента ја штити кожата од патогените бактерии
  • Антиинфламаторно – Антиинфламаторната природа на маслото од орев има смирувачки ефект врз кожата, без разлика дали се работи за вообичаени воспалителни процеси во форма на мозолчиња или хронични проблеми како егзема и псоријаза.

Витамините Б1, Б2 и Б3 во маслото од орев ја штитат кожата од предвремено стареење. Богат е и со витамин Е, кој е високо ефикасен антиоксиданс.

Оревот е богат со селен, фосфор, магнезиум, цинк, железо и калциум. Овие минерали се многу важни за регулирање на лачењето на хормоните во човечкото тело. Тоа значи дека можете да пиете квалитетно масло од орев за да ги балансирате вашите хормони. Добрата хормонална рамнотежа е првиот услов за сјајна кожа.

Хранлива маска за сува кожа на лицето

Кога станува збор за секојдневната нега на лицето, маслото од орев дава извонредни резултати во борбата против брчките, мозолчињата, темните кругови и негата на сува кожа на лицето. Во продолжение ви откриваме едноставна хранлива маска од ореово масло за мека и мазна кожа на лицето.

Состојки:

  • 1 лажица масло од орев
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица кисела павлака (20% мм).

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги сите состојки.
  2. Нанесете на кожата и оставете да делува 20-25 минути, а потоа измијте го лицето.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 природни масла за нега на различни типови на лице.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: