Природен ботокс – маска за лице од три состојки

Како што минува времето, на кожата се јавуваат првите знаци на стареење и замор. Наместо да купувате скапи кремови кои се нудат по продавниците, направете природен ботокс – маска за лице во вашиот дом со природни состојки.

Сите наведени состојки се со прифатливи цени, а резултат од маската ќе го забележите после првата употреба.

природен ботокс

Состојки:   

  • 1 лажица пченкарен скроб (нишесте)
  • 5 лажици свежо цеден сок од морков
  • 1 лажица кисела павлака.

Подготовка:

  1. Во половина чаша ставете вода и додајте го пченкарниот скроб. Убаво измешајте за да се соединат состојките.
  2. Во тенџере на оган ставете го растворот со скробот и додајте 100 мл врела вода. Измешајте и варете на ниска температура додека скробот се згусти.
  3. Потоа, тргнете го тенџерето од огнот и оставете го да се излади.
  4. Во тенџерето додајте го свежо цедениот сок од моркови и киселата павлака. Измешајте убаво и нанесете го на лицето. Оставете маската да стои за време од 25 до 30 минути.
  5. Маската измијте ја со млака вода и нанесете хидратантен крем. Преостаната маска чувајте ја во фрижидер и користете ја три денови по ред.
  6. Оваа маска го хидрира лицето и ги намалува брчките и заморот, со што кожата станува поцврста и понежна.

Ви предлагаме да прочитате: Маска од белка за затегнување на кожата – природен ботокс.

Сподели: