еликсир против стареење

Природен Тибетски еликсир против стареење

Овој фантастичен еликсир против стареење бил користен од убавиците на Тибет, кои на природен начин ја зачувувале својата убавина. Лесен за подготовка, а резултатите нема да изостанат. Пробајте го!

Доколку процесот на стареење предизвикува до неубави мисли кај вас, ве потсетуваме дека среќен е оној кој остарел. Но, за да бидеме возрасни и убави, покрај бројните други фактори, негата и исхраната се клучни фактори. Поради тие причини, а како поддржувачи на природното, ви го предлагаме овој еликсир на младоста, кој уште од древни времиња е познат во целиот свет. Тибетскиот еликсир има неверојатно дејство и ќе ви помогне да ја зачувате убавината и свежината на вашата кожа на лицето, да ја одржите што подолго вашата младост, а пред сѐ ќе ви помогне да се чувствувате расположени и позитивни.

еликсир против стареење

Состојки:

  • 10 главици лук
  • 1 кг мед
  • сок од 10 лимони.

Подготовка:

  1. Главиците лук ситно измелете ги и измешајте ги со медот.
  2. Десетте лимони добро исцедете ги и додајте ги во стаклен сад заедно со медот и лукот.
  3. Добро покријате го садот и оставете го да стои 8 до 10 дена.
  4. Од еликсирот можете да консумирате 2 пати на ден и тоа пред јадење.

Оваа мешавина на лук лимон и мед е добра за здравјето и го забавува процесот на стареење. А, доколку можете да го поднесете остриот изразен вкус на ѓумбир,  можете да додадете и од него, бидејќи тој е познат како силен антиоксиданс и значително помага за одржување на младоста и убавината на кожата.

Сподели: