На денешно време е модерно и сосем нормално скоро редовно да ги декорираме рацете со различни вештачки нокти, за кои со текот на времето се развија ралични техники и може доста да личат на природни. Но, има и такви девојки и жени кои сепак преферираат природен изглед но наидуваат на проблемот со кршливи нокти, па ајде да видиме што може да се направи и како може домашно со природен препарат за здрави нокти да имаме прекрасни раце!
Морската сол, лимонот и водата можат да ги зајакнат ноктите, да го зачуваат нивното здравје и да ги зацврстат. Здравите, силни и сјајни нокти се главна одлика за убави раце, сепак, многу често избираме да ги оштетуваме ноктите со гел техниките, разните лакови или недоволно нега.

Ако забележите дека вашите нокти се пожолтени, се делат на слоеви или пак се склони кон пукање, тоа е знак дека им е потребна поинтензивна нега. Така, во оваа прилика споделуваме едноставен рецепт кој ќе ги зајакне и разубави вашите нокти.
Состојки:
- 1 лажица морска сол
- 1 лажица сок од лимон
- 1/2 литар топла вода.
Подготовка:
- Во поголем сад измешајте ги состојките и потопете ги ноктите во добро измешаната течност.
- Рацете чувајте ги така околу 15 минути, а потоа добро измијте ги, без да користите сапун, па на рацете нанесете богат слој на хидратантна крема. По купката ноктите може да ги измасирате со маслиново масло, тоа дополнително ќе ги хидрира. Постапката повторувајте ја секој ден или секој втор ден, за време од две недели и вашите нокти ќе станат поцврсти, посилни и посјајни.
Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети за здрави и цврсти нокти.