третман за лечење на испукани петици 1

Природен третман за лечење на испукани петици

Летото е време кога секој од нас сака да има нежни стапала, затоа што така е најубаво чувството кога носиме сандали. Ако имате проблем со испукани петици и потребна ви е помош, ви препорачуваме да ја пробате оваа ефикасна и едноставна метода за лечење на испукани петици.

Ќе се изненадите од рехабилитирачките резултати и од позитивните ефекти. Истите се должат на лимоновата кора и нејзината пулпа која содржи етерични масла кои ја омекнуваат и регенерираат кожата. На овој начин, старите клетки се отстрануваат и кожата станува нежна.

третман за лечење на испукани петици 2

Потребно:

  • 1 лимон
  • чисти чорапи
  • хидратантна крема или масло за кожа.

Постапка и начин на третирање за лечење на испукани петици:

  1. Лимонот пресечете го на половина и исцедете го сокот. Сокот може да го користите за пиење или друга намена, а она што ви е потребно е кората со малку од пулпата.
  2. Двете исцедените половинки, како капаче ставете ги на секоја од петиците. Облечете чорапи и држете го овој лековит облог на нозете околу 30-40 минути. Сè што ви треба е да го вложите ова малку време, а опуштањето и регенерацијата на кожата ќе ве израдува.
  3. По 30 минути тргнете ги чорапи, отстранете го лимонот.
  4. Нанесете хидратантна крема или масло на стапалата, на пример кокосово масло. Овој завршен чекор, им помага на стапалата подолго да останат меки и нежни.
  5. Пукнатините ќе бидат помалку видливи уште по првиот третман, а може да го повторувате 2 до 3 пати неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман и маска против испукани петици.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: