Оваа маска многу добро ги прочистува порите на лицето и ја затегнува кожата. Природна е и не е комплексна за правење, а резултатите кои ги дава се сосем задоволителни.
Порите се составен дел од структурата на кожата и се неопходни за нејзиното функционирање. Тие се отвори за мрсната супстанца – себум, која ја подмачкува кожата и ја штити надворешната површина. Но, некогаш тие се зголемуваат и на лицето му даваат непосакуван изглед. За таа цел споделуваме природна маска за длабинско прочистување и нивно намалување. А, ако сакате да дознаете и други методи, кликнете тука.

Потребно е:
- 1 банана
- ½ јаболко
- 1 мала лажичка свеж сок од лимон
- 4 мали лажички мед
- варени овесни снегулки по потреба.
Подготовка и начин на употреба:
- Бананата, јаболкото, сокот од лимон и медот ставете ги во блендер и добро измиксирајте ги.
- Потоа ставете ја смесата во сад и додадете од изладените овесни снегулки по потреба, за да се добие количина на маска колку да го прекрие лицето.
- Исчистете го лицето и врз него ставете крпа потопена во топла вода. Оставете крпата да стои неколку минути, а со тоа порите ќе се отворат и маската ќе има подобар ефект.
- Потоа исушете го лицето, нанесете ја маската и оставете ја да делува околу 20 до 30 минути. Нежно масирајте го лицето. Тоа ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и да имате сјајна кожа.
- Маската отстранете ја со топла вода. После третманот може да користите тоник, ладна вода или коцка мраз на лицето, со цел да ги затворите прочистените пори.
Ви препорачуваме да прочитате: Маска од желатин за отстранување на црнките и прочистување на порите.