Проблемот со „надуени“ очи е познат на многумина од нас. Кој и да го има, знае дека отоците и подуеноста на очите е непријатна и неубава појава. Свесни за тој факт и во желба да помогнеме, ви предлагаме да испробате рецепт за ефикасна природна маска против подочници и надуеност на очите. Пробајте ја, нема да зажалите!
Помага и тоа на повеќе начини. Не само што ги отстранува темните кругови под очите, туку и совршено ја хидрира кожата. Исто така, го подобрува нејзиниот тонус, нежност и мекост, како и и дава здрав изглед. Ако пак имате потреба и желба да ги пополните ситни брчки кои се јавуваат околу очите, ви предлагаме природна хранлива маска која лесно се прави и дома.
Маска против подочници и надуеност на очите
Состојки:
- 1 лажица сок или гел од алое
- 1 лажица свеж сок од краставица
- 1/2 лажичка бадемово масло
- малку пченкарен скроб (нишесте).
Подготовка и начин на употреба:
- Во чист сад ставете го сокот, односно гелот од алое и измешајте го со сокот од краставицата и бадемовото масло.
- Потоа, во смесата додајте го и пченкарниот скроб. Измешајте добро и маската е готова.
- Со нежни движења нанесете ја смесата околу очите. Маската држете ја околу 15 минути, а важно е да не чекате маската да се исуши потполно. Измијте ја со ладна вода.
- На крај, нанесете лесен хидратантен крем на лицето.
Маската можете да ја користите секојдневно додека го постигнете посакуваниот резултат.
Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од темните кругови околу очите.