7 третмани за нега на лице со компир

7 домашни третмани за нега на лице со компир

Познато е дека компирот се користи за приготвување на голем број јадења. Има посебно место во исхраната затоа што е здрава намирница, а покрај тоа може да се користи и за разубавување на кожата. Ако имате лузни на лицето или пак брчки, искористете некој од нашите 7 домашни третмани за нега на лице со компир.

Главна состојка на компирот е скробот кој може да помогне во обновување на оштетените клетки на кожата. Исто така, богат е со калиум, витамините Б6 и Ц кои помагаат за прочистување на кожата и делуваат како антиоксиданси.

7 третмани за нега на лице со компир

За осветлување на лузните на лицето

Исцедете сок од 1 компир и процедете го. Земете 1 лажица од сокот од компир помешајте ја со 2 лажици сок од лимон и 2 лажици глина. Нанесете ја оваа маска на лицето, оставете да делува 10-15 минути и исплакнете со ладна вода.

За избелување на кожата

Измешајте 1 лажица испасиран компир и 1 лажица сок од лимон. Оставете да делува 10-15 минути на лицето и потоа измијте ја маската со млака вода.

За отстранување на темни дамки на кожата

На дамките нанесете испасиран компир, оставете го да стои на лицето 10 минути и исплакнете со млака вода. Со применување на оваа маска во период од еден месец, драстично ќе ги намалите црните дамки на лицето.

Маска против брчки

Измешајте 1 лажица испасиран компир и 1 лажица јогурт. Смесата добро изматете ја и оставете да отстои 30 минути. Нанесете на кожата. Компирот содржи витамин Б6 кој делува против стареење на кожата.

Против црни дамки под очите

Измешајте 1 лажица испасиран компир со 1 лажица мед. Оваа маска оставете да делува на црните дамки 10-15 минути. Отстранете ја маската со памук и измијте го лицето со ладна вода. Оваа маска, исто така ги смирува и иритираните очи.

Природен тонер

Измешајте 1 лажица сок од компир со малку рендана краставица. Потопете памук во смесата и премачкајте го лицето. По неколку минути измијте се со топла вода.

За сјајна и мазна коса

Кората од 1 компир оставете ја да се вари во вода 10 минути. Процедете ја водата и со неа измијте ја косата. Оваа вода помага во спречување на прераното белеење на косата.

Напомена: Независно од тоа која маска сакате ја да направите, компирот не треба да е варен.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 најчести грешки при нега на лицето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: