4 најчести грешки при нега на лицето   

Миењето и одржувањето на нега на лицето е дел од нашата дневна рутина, но за жал сите ние често правиме некои грешки кои не се толку добри за кожата. Во продолжение дознајте како правилно да го миете лицето и како најдобро да се грижите за него.

Секое утро, веднаш штом станеме се миеме лице и се бришиме со крпа. Всушност и тоа е целата постапка за одржување на хигиена на лицето кај повеќето луѓе. Можеби на некои лица тоа и им одговара, но многумина поради стресот, лошата исхрана и недоволната хидратација имаат проблеми со кожата. Таквата кожа бара посебна нега. А прв чекор, до убава, сјајна и негувана кожа е промената  на начинот на нејзиното миење и чистење.  Иако, некои грешки се очигледни, сепак ги правиме од ден во ден. Па, дознајте кои се тие со цел да ги избегнете и да ја вратите убавината на кожата на вашето лице.

нега на лицето

Не си ги миете рацете пред да го измиете лицето

Во најголемиот број на случаи, многу луѓе воопшто не ги мијат рацете  пред да си го измијат лицето. На тој начин нечистотиите од рацете и бактериите од дланките се пренесуваат на лицето. Па така, се прави повеќе штета отколку корист. Затоа, нареден пат кога ќе си го миете лицето, прво темелно измијте си ги рацете.

Погрешен избор на средство за миење лице

Многу луѓе користат јаки средства за чистење на лицето, мислејќи дека на тој начин многу подобро ќе ја исчистат кожата. Но, реалноста е многу поинаква. Всушност се прави многу поголема штета, доколку не се избере вистинското млеко, сапун или гел за чистење на лице. На сувата кожа на пример и требаат понежни средства за чистење. Затоа, секогаш потрудете се да го пронајдете вистинското средство за чистење на вашата кожа.

Премногу миење на лицето

Дури и претераната хигиена на лицето не добра. Доколку кожата на лицето пречесто се мие, може да дојде до нејзина иритација и сушење, бидејќи на тој начин се измиваат и нејзините природни масла кои ја штитат од надворешни влијанија.

Избегнувајте ја комбинацијата топло – ладно за миење на лицето

Комбинацијата топло – ладно не е најдобра за вашата кожа. Иако се верува дека ги отвора порите и на тој начин длабински се чисти лицето, вистината е многу поинаква. Топлата вода најпрво ќе го исуши вашето лице, а потоа ладната вода ќе предизвика слабеење на тонусот на кожата и пукање на капилари. Затоа, секогаш вашето лице мијте го само со топла вода.

Природни средства за чистење на лицето

А за да го подобрите изгледот на кожата, ви предлагаме да ги пробате следните природни средства за чистење на лицето:

  • Природни третмани за чистење на нормална и мрсна кожа на лицето
  • Домашен третман за чистење на сува кожа на лицето.

Ви препорачуваме да прочитате: Чаеви за убава и негувана кожа на лицето.

Сподели: