Маска за лице од лушпи од јајца 2

Маска за лице од лушпи од јајца

Кој би рекол нели?! – Да, малку е чудно, но ете возможно. Доколку не сте знаеле, може да си направите домашна маска за лице со лушпи од јајца. Лушпата од јајце е богата со калциум и други важни минерали. Па, еве како да си направите маска или облога за лицето.

Може да ве интересира: 4 корисни употреби на лушпи од јајца.

Маска за лице од лушпи од јајца 1

Состојки:

  • 2-3 лушпи од јајцa
  • белка од јајце

Подготовка и начин на употреба:

  1. Свежо скршените лушпи од јајца печете ги десетина минути во рерна загреана на 150 степени.
  2. Потоа, добро иситнете ги, а најдобро истолчете ги во аван додека се претворат во прав.
  3. Добиениот прав измешајте го со белката од јајце и нанесете ја маската на чисто и суво лице.
  4. Ќе знаете дека маската е сува и спремна да биде отстранета, кога лицето ќе почне да ве затега. Измијте го лицето со млака вода и нанесете крем за лице соодветен за вашата кожа.

Совет плус: Со правот добиен од лушпите од јајца можете да постигнете уште една придобивка, односно да ги зајакнете вашите нокти. Освен тоа, ако правот од лушпи го измешате со соодветен крем, делува корисно против брчки и против заноктици.

Ви препорачуваме да прочитате: Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: