Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија 1

Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија

Лушпите од јајца се покорисни од што мислиме и има повеќе начини да ги искористиме. Зошто би фрлиле нешто што може да биде искористено нели? Издвојте неколку минути и прочитајте како од лушпите од јајца можете да направите природно ѓубриво за растенијата во вашиот дом или двор.

Лушпите од јајца треба да ги собирате, да ги исушите и потоа да ги иситните на мали парченца и да ги сомелите. Има повеќе причини да го правите тоа, а една од корисните придобивки е тоа што лушпата содржи 90% калциум.

Доколку сакате да ги сузбиете полжавите и да ги спречите да ги уништат вашите градинарски култури, посипете од иситнетите и исушените лушпи од јајца. Слично како и пепелта, оневозможуваат движење на „голите“ полжави.

Мешавина од лушпи и пепел може да се користи како прихрана на овошките, така што се посипува околу стеблото во зоната на коренот.

Исто така, расадите со домати можете да ги прихраните од измелени/истолчени лушпи кои треба да се растурат околу коренчето.

luspi od jajca - prirodno gubrivo za rastenija 1

Талогот од кафе помешан со лушпи од јајца во сооднос 1:4 е идеално ѓубриво за собните растенија. Лушпите се ставаат во вода да стојат преку ноќ, а на утро во водата се додава талог од кафе и со течноста се залеваат растенијата. Оваа постапка избегнувајте ја во зима, бидејќи водата може да мириса непријатно.

За да поттикнете побрз раст на растенијата кои ги засадувате од семиња, земете половина лушпа од јајце, наполнете ја со земја и во неа ставете го семето. Како што ќе се разградува лушпата со времето, малдото растение ќе добива хранливи материи.

Ви предлагаме да прочитате: 4 корисни употреби на лушпи од јајца.

Сподели: