„Нека биде слатко! Подарете љубов, направете колачиња, земете чаша вино и прославете го животот. И не само за Св. Трифун и Св. Валентин, тоа нека биде било кој ден, без повод, но со убава намера. Разгледајте ги моите 3 брзи десерти, изберете го вашиот фаворит и ајде во кујната, креирајте слатка магија!
За љубителите на ресани имам супер рецепт. Ако некому манчмелоуто му е слабост, тогаш рецептот за пенастите колачиња е прв избор. А за љубителите на суви колачи, ги препорачувам медените срца со портокал.“ – вели Марија.

Брзи чоколадни колачиња со ресани без печење
Идеална комбинација на чоколадо, портокал и лешници, која секој може да ја направи и тоа само со четири состојки. Време е за споделување на љубов, насмевки и слатки приказни.
Состојки:
- 2 пакувања јафа колачи – ресани
- 50 грама потпечени лешници
- свежо цеден сок и рендана кора од 1 портокал
- 100 грама чоколадо за готвење.
Подготовката на рецептот, прочитај ја тука.

Пенасти манчмелоу коцки
Вкусно, пенасто уживање дополнето со овошен сладок вкус! Крцкава бисквита, пенаст фил и мармалад за совршен финиш! Оваа година повторно се мој избор, но ќе ги направам во силиконски калапи со чоколадна глазура. Ако резултатот е успешен, ќе споделам во групата Сѐ за храна.
Состојки:
- 250 грама шеќер (може да користите и шеќер во прав)
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 300 мл вода
- 20 грама – 2 ќесички желатин во прав
- 100 г бисквити.
Кликни тука и дознај ја подготовката на пенестите коцки.

Медени срца со портокал
Овие колачиња може секој да ги направи! Состојките се мешаат, се прават форми и се печат. Наредна прилика би ги чоколадирала, а така вкусот би бил уште подобар. Од наведените состојки ќе добиете поголем број на колачи, па може да ја намалите количината.
Состојки:
- 3 јајца
- 150 грама шеќер
- 3 лажици мед
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 мала лажичка сода бикарбона
- 600 грама брашно
- 100 мл масло
- 1 кора од портокал
- свеж сок од ½ портокал
- 100 мл млака вода.
Ако овој рецепт е твој избор, подготовката прочитај ја тука.

Препорака од авторот:
Ти се допаднаа овие брзи десерти од кујната на Марија? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги разгледај ги профилите и заследи ја Марија:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.