Брзи чоко фрути колачиња без печење 1

Брзи чоколадни колачиња со ресани без печење

„Имам чоколаден предизвик за сите генерации! – Идеална комбинација на чоколадо, портокал и лешници, која секој може да ја направи и тоа само со четири состојки. Време е за споделување на љубов, насмевки и слатки приказни. За празникот на љубовта и виното пригответе чоколадни колачиња со ресани и прославете со саканите. 

Нема потреба од печење, комплицирани состојки и големо искуство во кујната. Потребни ќе ви бидат околу 15-тина минути за подготовка, а крајниот резултат сигурно ќе ве воодушеви.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на sezahrana.mk.

Брзи чоко фрути колачиња без печење 4

Состојки:

  • 2 пакувања јафа колачи – ресани
  • 50 грама потпечени лешници
  • свежо цеден сок и рендана кора од 1 портокал
  • 100 грама чоколадо за готвење.

За декорација:

  • 200 грама бело чоколадо за готвење
  • црвена прехранбена боја.

Подготовка:

  1. Ресаните исечете ги на мали коцки и ставете ги во длабок сад. Лешниците сомелете ги и додајте ги во садот со кексите. Измешајте со лажица за да се соединат.
  2. Во мал сад на оган, на умерена температура ставете ги сокот и ренданата кора од портокал. Штом сокот се стопи, додајте го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека чоколадото се растопи.
  3. Во садот со кексите и лешниците додајте го растопеното чоколадо и измешајте за да се соедини смесата.
  4. Во правоаголен калап ставете најлонска фолија така што ќе излегува од страните, а потоа додајте ја смесата за колачиња. Со помош на фолијата израмнете ја смесата. Калапот ставете го во фрижидер за време од 1 до 2 часа додека смесата се стврдни. 
  5. Потоа, отстранете ја фолијата и со помош на калап формирајте колачиња по желба.
  6. Белото чоколадо растопете го на пареа. Колачињата чоколадирајте ги со растопено бело чоколадо. 
  7. Во преостанатото бело чоколадо додајте црвена прехранбена боја и измешајте. Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачињата по желба.
  8. Готовите чоколадни колачиња со ресани подарете ги со љубов и уживајте во светот на вкусовите!  

Препорака од авторот:

Ти се допаднаа рецептите? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден рум колач со страчатела фил.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: