Ако шпагетите со гулаш ви се меѓу омилените јадења, тогаш овој рецепт мора да го испробате! Идеален гурмански предлог за ручек или вечера кој ќе го освои сечиј вкус! Пригответе резанци со говедско во доматен сос и пишете ни во групата Сѐза храна како ви се допаднал овој наш предлог. Може да ги направите со говедско или свинско месо, а изборот го оставаме на вас.
За подготовка потребни ви се резанци или тестенини по избор, зачини, домати и свежо говедско месо. Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа. Во нивната палета ќе пронајдете говедско и свинско месо од домашно производство, со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите.

Состојки:
- 300 г резанци или тестенини по избор
- 500 г говедско месо (врат) од Агриа
- 200 г кромид
- 1 чешне лук
- свежи листови магдонос и целер по вкус
- 1 лута пиперка по желба
- 1 лажица мешан зачин
- 400 г домати од конзерва
- 1 ловоров лист
- 1 лажичка оригано
- 100 мл масло
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Говедското месо исечкајте го на коцки.
- Ситно исечкајте ги кромидот, лукот, магдоносот, целерот и лутата пиперка. Доматите исечкајте ги на коцки.
- Маслото ставете го во тенџере на оган да се загрева. Во загреаното масло пропржете ги кромидот и лукот. Потоа, додајте го исечканото говедско месо.
- Зачинете со мешан зачин, сол и црн пипер и измешајте. Додајте малку топла вода, покријте го садот со капак и оставете месото да се динстува додека омекне.
- Откако месото ќе омекне, во садот додајте ги доматите и течноста од конзервата. Зачинете и оставете да вари околу 30 минути за сосот да згусне.
- Резанците сварете ги според упатството. Во чинии ставете ги тестенините и додајте од говедското месо во доматен сос. Декорирајте ги со пармезан и магдонос по желба и послужете ги. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Гулаш на американски начин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.