Скоро и да не постои човек кој не обожава тестенини! Па, како и да не е тоа така?! Се подготвуваат толку лесно, а се многу вкусни на разни начини. Овој пат ви прикажуваме супер рецепт за тестенини со чадено месо и шампињони, кои го освоија нашиот вкус.
За предлогот ги избравме интересните резанци. И самите можете да погледнете колку убаво изгледаат во чинијата, а посебно во комбинација со избраните состојки. Рецептот е тука, па да ги пробаме пријатели!

Состојки:
- 300 гр резанци (може да ги замените и со други тестенини)
- 200 гр чадено месо
- 300 мл доматен сос (по желба може да го подготвите и самите од свежи домати)
- 1 чешне лук за арома
- малку свеж босилек ситно исечкан
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- маслиново масло по потреба.
Подготовка:
- Резанците ставете ги да се варат во поголем сад полн со вода која врие. Пожелно е претходно да ја посолите.
- Во меѓувреме во тава на оган ставете малку маслиново масло, ситно исечкнаниот лук и на коцки или правоаголничиња исеченото чадено месо.
- Промешувајте повремено, а откако месото ќе добие убава боја и зачините малку се запржиле, додајте го и доматниот сос.
- Зачинете по вкус со сол и црн пипер, па продолжете со пржењето додека сосот стане малку кремаст.
- На крај, додадете ги и сварените и исцедени резанци во тавата, додадете го и сечканиот босилек, па измешајте.
- Декорирајте со гранче свеж босилек и на здравје, превкусно е!
Ви препорачуваме да прочитате: Запечени тестенини со туна и доматен сос.