Едноставно јадење без премногу калории! Вкусно и малку различно, а убаво како идеја за брза вечера или закуска со пријателите. Запечени тестенини со туна се секогаш добра комбинација, пробајте, ќе ви се допадне.
Најдоброто од се во рецептот, е што се подготвува за 35-40 минути. Одлично!

Состојки:
- 1 пакетче шпагети или макарони
- 2 конзерви туна (околу 360 грама туна)
- 1 помала главица кромид
- 150 гр рендан кашкавал
- 1 чаша сок од домат (домата, доматен сос)
- малку масло
- сол и црн пипер по потреба.
Подготовка:
- Најпрво сварете ги тестенините во солена вода, а рерната вклучете ја да се загрее на температура од 200 степени.
- Кромидот ситно исечкајте го.
- Во чинија измешајте ја туната, ситно сечканиот кромид, сокот од домати и зачинете со сол и црн пипер по вкус.
- Сварените тестенини исцедете ги и измешајте ги со претходно припремениот фил.
- Така припремени, печете ги во намрсена тава за време од 20 минути. Рерната треба да биде добро загреана, а кашкавалот да го додадете пред самиот крај. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.