Овој рецепт е вкусен доказ за совршеното совпаѓање на вкусови! Креирани за гурмани и уживатели на храна, овие тестенини со туна и одличен сос од зеленчук се специјалитет за вистинско уживање. По желба наздравете со чаша бело вино или сангрија со бело вино и препуштете се на вкусните сензации!
Кога и да пробаме рецепт кој доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone, резултатот не нѐ изневерил. Па, повелете да го пробаме и овој.

Состојки:
(за 2 лица)
- 250 гр тестенини
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 помал домат
- 1 помала тиквичка
- 1 конзерва доматен салса
- 150 гр туна во парчиња
- малку ѓумбир
- 1 рамна лажичка црвена пипер
- сол
- црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во тава на оган ставете малку масло и откако ќе се загрее во неа додајте ги ситно сечканите кромид и лук.
- Доматот и тиквичката исечкајте ги на помали коцки и запржете ги заедно со кромидот и лукот.
- Потоа додајте ја доматната салса, нарендајте малку ѓумбир и сите состојки заедно оставете ги на оган околу 10 минути.
- При крајот на варењето додајте ги парчињата туна и зачинете по вкус.
- Во меѓувреме сварете ги тестенините во солена вода и послужете ги со припремениот сос. Декорирајте со листови свеж босилек или магдонос.
На здравје!