Специјално за обожавателите на кафе и неговите безбројни варијации! Ако сте во потрага по најдобар начин како да го започнете денот, имаме супер предлог, а тоа е Vanilla Latte кафе со ванила во прав. Што значи ова? – Значи супер вкусен пијалок за витка фигура и кафе кое топи калории!
Знаејќи ги секојдневните обиди на секоја жена да има витка линија и тело во кое ќе се чувствува најдобро, во оваа прилика ви препорачуваме да го пробате кафето кое помага во таа цел. Брзо се прави, а подолу може да прочитате како да го подготвите најдобро.
Состојки:
- 20 грама ванила во прав
- 100 мл полумасно млеко (со 1,5% масти)
- 100 мл ладна вода
- 5 грама инстант кафе.
Подготовка:
- Во блендер ставете 20 грама ванила во прав, 100 мл полумасно млеко, 5 грама инстант кафе и 100 мл ладна вода. Миксирајте ги состојките додека се добие хомогена смеса. Доколку немате блендер, мешањето може да го направите во шејкер.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.