селенот е минерал на долговечноста

Селенот е минерал на долговечноста

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Тој е од особено значење затоа што го зголемува имунитетот, има улога на антиоксиданс и се бори против оштетувањето и воспаленијата предизвикани од штетните радикали. Освен тоа, игра и клучна улога во одржувањето на здравиот метаболизам. Во комбинација со витаминот Е, витаминот Ц и бета каротен, придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Затоа, со право се нарекува минерал на долговечноста!

Кои се придобивките од селенот?

Согласно истражувањата, консумацијата на селен од природните извори има позитивни антивирални ефекти, есенцијален е за успешен машки и женски фертилитет и репродукција, а исто така го намалува ризикот од карцином, автоимуни и тироидни заболувања. Но, тоа не е сѐ за што е корисен селенот.

Селенот е минерал на долговечноста

За време на метаболитичките процеси, се создаваат слободни радикали кои можат да доведат до промени во клеточните мембрани, а селенотот учествува во апсорпцијата на овие слободни радикали со што ги спречува нивните дејствувања. Благодарение на неговата заштитна улога за организмот и зголемувањето на квалитетот на крвниот проток, помага за подобрување способноста на организмот против болестите и стресот.

Микроелемент за долговечност

Недостатокот на селен доведува до слабо срце и крвните садови, намален имунитет што е предуслов за развој на канцерогени и метаболички нарушувања. Селенот е микроелемент на долговечноста. Потребно е многу малку за да се направи телото да работи добро. Сепак, тоа е брзо исцрпено бидејќи учествува во различни реакции. Затоа е толку важно секојдневно примање на селен во форма што е најприфатливо за телото – од храната.

Дали знаете дека при готвење на висока температура се уништува селенот во храната?

Во храната се наоѓа во бразилските ореви, јајцата, црниот дроб, туната, семките од сончоглед, живинското месо. Свежата храна е една од најдобрите извори на селен, а особено треба да се внимава при преработката и готвењето на висока температура затоа што селенот се уништува со овие процеси.

Со оглед на тоа дека селенот е неопходен олигоелемент за правилен развој и функционирање на организмот, потребно е да се внесува во оптимална дневна количина. Тие се разликуваат во зависност од возраста и здравствената состојба, но точно научно е утврдено во кои дози е потребен за која животна возраст. Со оглед на тоа дека нашето тело не го произведува самостојно, овој корисен минерал мора да се зема како додаток.

За кого се препорачуваат суплементи со селен?

Дополнителна количина на селен се препорачува кај вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитетособи кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), таблети за контрацепција, лаксативи, консумирање на тутун и алкохол.

селен

Препорачани дневни дози на селен се следните:

  • лица над 19 години – 55 микрограми
  • трудници – 60 микрограми
  • доилки – 70 микрограми.

Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот доктор, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на селен.

*Комерцијален текст

Сподели: