nedostatok na selen 1

3 неочекувани знаци дека можеби имате недостаток на селен

Се соочувате со лошо расположение, намалено внимание и умствен умор, или имате проблеми со тироидната жлезда? – Одговорот на овие прашања, може да е многу едноставен и лесно решлив. Можеби имате недостаток на селен во организмот! – Често се занемарува неговото значење, а важен е и тоа како, препорачуваме да прочитате што дознавме од научните изтражувања во светот.

Селенот претставува многу моќен антиоксидант, кој всушност им недостасува на многу лица. Познатиот експерт за исхрана – Френки Броган, истакнува дека „Недостатокот на селен е еден од најголемите занемарени проблеми поврзани со здравјето во светот.“

nedostatok na selen 3

Селенот го има во храната која е богата со протеини, како што се морските плодови, месото, јајцата, грашокот, гравот, јаткастите плодови, семките и производите од соја. Но, дури и да ви е исхраната богата со овие намирници, голема е веројатноста дека може да имате недостаток од овој минерал. Всушност, проблемот лежи во тоа што доколку земјата на која се одгледуваат земјоделските култури не содржи доволно селен, тогаш ни лицата кои се хранат со таа храна, нема да добијат доволно количество од овој минерал. Особено се засегнати веганите, како и жените, кои се под многу поголем ризик од недостаток на овој минерал, во однос на мажите. Во продолжение дознајте кои се знаците кои укажуваат на тоа дека имате недостаток на селен.

Може да ве интересира: Селенот е важен минерал за најмалку 7 здравствени потреби.

Проблеми со тироидната жлезда

Селенот е неопходен за регулација на метаболизмот, особено за правилна функција на тироидната жлезда. Броган истакнува дека недостатокот на овој минерал може да доведе до зголемен ризик од намалена функција на тироидната жлезда. „Таа произведува хидроген пероксид, кој може да ги оштети клетките, а селенот е антиоксидант кој може да помогне да се спречи штетата и да се неутрализира.“ – објаснува Броган.

Намалена мозочна функција

На healthista.com е објавено дека „Доволното ниво на селен, е неопходно за да се произведе така наречениот селенопротеин кој учествува во голем број на функции во организмот, со цел за зачувување на здравјето на телото“. Токму поради тоа, недостатокот на селен може да влијае на голем број на процеси во телото, а особено на правилната функција на мозокот. Селенопротините директно учествуваат во мозочните сигнали, особено во работата на невронските клетки.

„Една од причините зошто е толку важно да внесувате доволно количество на селен, е тоа што телото првично го користи за регулирање на работата на тироидната жлезда. Оттука, не останува доволна количина за производство на селенопротеини, што директно се одразува на конгитивните функции и на ред други процеси во телото. Затоа кај лицата кои патат од недостиг на селен, често пати се појавува попреченост во конгитивните функции, како и проблеми со меморијата и вниманието.“ – објаснува Броган.

Лошо расположение

Доколку страдате од лошо расположение или анксиозност, можеби кривецот е всушност недостатокот на селен. Една студија покажала дека лицата кои имале ниско ниво на селен, а ги имале наведените симптоми, значително ја подобриле својата состојба откако зеле селен како суплемент.

За кого се препорачуваат суплементи со селен?

Дополнителна количина на селен се препорачува кај вегетаријанци, спортисти,луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), таблети за контрацепција, лаксативи, консумирање на тутун и алкохол.

Препорачани дневни дози на селен се следните:

  • лица над 19 години – 55 микрограми
  • трудници – 60 микрограми
  • доилки – 70 микрограми.

Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

nedostatok na selen 2

Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот доктор, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на селен.

Сподели: