Овошно, полно со витамини и минерали! Пробајте го нашиот нов рецепт за смути со банана, јагоди и спирулина, кое е идеално за пролетниот период! Не содржи додаден шеќер, збогатено е со спирулина и чиа, кои го дополнуваат со растителни влакна и протеини, па така се добива супер хранлив оброк.
Еве неколку причини кои ќе ве мотивираат да го направите ова смути. Освен вкусните банани и јагоди, во смутито додадовме две супер храни – Hawaiian Spirulina и чиа семе.

Hawaiian Spirulina
Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и амино киселии, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, разлини минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот.
Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?
Чиа семе
Семето од чиа помага за побрзо поминување на храната низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата. Благодарение на способноста да го зголемува волуменот на храната за 10 пати, семето од чиа допринесува да се чувствувате сити и доколку сте изеле помала порција на храна.
Состојки:
- 1 зрела банана
- ½ чаша свежи јагоди
- 1 чаша свеж спанаќ
- 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- 1 лажица чиа семе
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- 1 чаша вода или мраз.
Подготовка:
- Бананата исечкајте ја на парчиња.
- Во блендер ставете ја сечканата банана, јагодите, спанаќот, Hawaiian Spirulina, чија семето, ванилата и водата.
- Блендирајте ги за време од минута до две додека добиете кремасто смути. Готовото смути со банана, јагоди и спирулина послужете го веднаш. На здравје!
Совети плус
Доколку имате блендер со помала јачина, прво ставете ја водата, чиата и спирулината, кратко изблендирајте, а потоа додајте ги останатите состојки. По желба во смутито може да додадете мед или стевиа, а доколку е многу густо, слободно додајте вода. Уживајте во пролетта и здравиот оброк кој ќе ви даде енергија!
Hawaiian Spirulina може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.
Ви предлагаме да прочитате: Зелено детокс смути со киви и спирулина.
*Комерцијален рецепт