Ментално здравје 1

Совети за добро ментално здравје во време на пандемија

Од ден на ден расте вознемиреноста поради корона вирусот. Многу луѓе повеќе ги плаши економската ситуација која настана во светот поради овој вирус отколку неговото влијание врз здравјето. Голем процент од светската популација останале без работа или се приморани да работат од дома и немаат физички контакт со роднини, пријатели, колеги… За полесно прилагодување на околностите, потребно е да се посветиме и да се потрудиме за одржување добро ментално здравје, кое е најпогодено во оваа ситуација.

Поради социјалната изолација и долготрајноста на ситуацијата, психолозите предупредуваат дека може да се појават и одредени ментални и психички проблеми. Депресија, анксиозност, панични напади, се само дел од симптомите кои ги имаат лицата кај кои целата оваа ситуација почнала да влијае на менталното здравје. Присилната изолација условува седење дома и излегување надвор само во случај на потреба, па така се намалува физичката активност, а се зголемува ризикот од хронични болести.

Ментално здравје 2

Совети за мир и добро ментално здравје за време на корона вирус

Ве плаши моменталната ситуација, често ги проверувате вестите? –  Прочитајте ги советите како полесно да се изборите со стравот кој го предизвикува корона вирусот.

Сами одлучете како ќе реагирате на околностите

Не можеме да ја бираме или измениме ситуацијата, ама можеме да избереме како ќе реагираме на истата. Тоа значи дека треба сами свесно да одлучиме дали сакаме:

  • да живееме во постојан страв и паника, притоа зголемувајќи го ризикот од физички и ментални болести или
  • да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е, да не се плашиме и да научиме да живееме среќно, не оптоварувајќи се со секојдневните промени.

Состојбата со пандемијата нека ви биде прилика да се промените на подобро.

Не ги проверувајте вестите постојано

Колку повеќе време поминувате пред телевизор или на интернет чекајќи ги новостите, толку повеќе се зголемува вознемиреноста. Без разлика какви вести читате или слушате, секогаш уклучете го здравиот разум. Не верувајте во сѐ што ќе прочитате или слушнете, особено поради тоа што има многу спротивставени мислења.

Одржувајте контакти со другите преку телефон, интернет, друштвени мрежи…

Во време кога не може да се оствари физички контакт со повеќето роднини и пријатели, доволни се телефонот и интернетот за останете во контакт со нив. Разменете мислења и чувства, бидете отворени кон нив и ислушајте ги. Искористете ја ситуацијата и уживајте во удобноста на вашиот дом додека разговарате со некој кој е километри оддалечен од вас.

Слободното време искористете го за да:

  • читате книга
  • гледате филм
  • вежбате дома
  • дишите длабоко
  • го зајакнете имунитетот
  • внимавате на хигиената
  • медитирате
  • користите етерични масла
  • научите да ги цените малите нешта во животот.

Суплементи кои помагаат за подобро ментално здравје, ослободување од стресот и вознемиреноста

Ако чувствувате дека не можете да ја надминете состојбата и имате потешкотии во секојдневниот живот, разговарајте со вашиот лекар или психолог. Од додатоците во исхраната може да ви помогнат магнезиумот, витамините од Б групата, родиола, габа, триптофан и тирозин.

Магнезиум за намалување на стресот и нормално ментално здравје

Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Придонесува за нормална функција на нервниот систем и нормална ментална функција. Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната. Количината на магензиум се намалува при стрес, па затоа во овој период се препорачува суплементацијата кај одредени лица. Од додатоците во исхраната ги препорачуваме Magnesium Malate и Magnesium Citrate.

L-Tyrosine помага во подобрување на расположението

L-Tyrosine е популарен додаток во исхраната кој се користи за подобрување на будноста, вниманието и фокусирањето. Произведува важни хемикалии на мозокот кои им помагаат на нервните клетки да комуницираат, дури и да го регулираат расположението.

L-Tyrosine од NOW:

  • влијание на подобрување на работата на мозокот
  • има антистресен ефект
  • помага при депресија и анксиозност
  • ја поддржува невротрансмисијата
  • поддржува ментална будност
  • Без ГМО

Дополнувањето со овој суплемент се смета дека ги зголемува важните хемикалии на мозокот, кои влијаат на вашето расположение и реакција на стресот.

Л-тирозин 2

GABA – може да помогне за релаксација и олеснување на нервната напнатост. Дознајте зошто GABA е популарен додаток во исхраната – неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница.

L-Tryptophan – за производство на серотонин и мелатонин, кои помагаат да се поддржи позитивно расположение, здрав сон и соодветна функција на имунолошкиот систем.

Rhodiola (златен корен) – поседува способност да го поддржи природниот капацитет на организмот да се прилагоди на менливите услови на живот. Rhodiola е позната како „златен корен“ и природна помош при стрес.

Витамин Б12 – има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца.

Споменатите додатоци во исхраната може да ги најдете на онлајн продавница на Тримекс и да ги порачате со бесплатна достава. Исто така, тие се достапни и во поголемите аптеки ширум земјата.  За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: 8 сигнали кои укажуваат дека сте под стрес.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: