Опаѓањето на косата и ќелавоста се јавуваат најчесто кај машката популација, особено после третата деценија од животот. Иако, овој естетски проблем се поврзува со генетската предиспозиција и некои други фактори, постојат неколку превентивни мерки со кои може да се намали и спречи прекумерното опаѓање на косата. Меѓу алтернативните третмани се природните сокови кои може да ви помогнат за намалување на опаѓањето на косата.
Од природните намирници може да имате само позитивни придобивки и во никој случај не можат да ви наштетат по здравјето. Во продолжение дознајте зошто сокот од морков и краставица се препорачуваат против опаѓање на косата.

Сок од моркови
Морковите се богати со каротеноиди, кои се одговорни за создавање на витаминот А во организмот. Благодарение на овој витамин косата станува негувана и сјајна, а притоа се обновува и структурата на фоликулата на влакното. Морковите содржат и витамин Ц кој го зголемува крвтотокот во скалпот и на тој начин придонесуваат за раст на косата. Сѐ што треба да направите е да го започните денот со чаша сок од моркови. А, доколку се грижите и за вашата телесна тежина, имаме уште една добра вест за вас. Во 100 г сок од моркови има од 39-42 калории, па така слободно може да го пиете без страв од дебелеење.
Сок од краставица
Краставицата содржи хранливи материи кои имаат позитивен ефект и го потпомагаат растот на нова коса. Покрај тоа, сокот од краставица се користи и за слабеење, за нормализирање на крвниот притисок и за зајакнување на срцето и крвните садови. Идеално е да се пие на утро.
Напомена: Покрај сите овие погоре наведени позитивни ефекти од природните сокови, сепак не треба да се претерува со нивната консумација. Чаша до две сок од зеленчук или овошје се доволни за да ги задоволат сите дневни потреби на организмот. Преостаната количина на течности во текот на денот треба да биде чиста вода.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести причини за губење на косата.