На денешно време анемијата е се почеста појава, а ретко кој прво се запрашува дали може да ја излечи по природен пат, туку прво посегнува по лекови. Треба да знаете дека е можно да ја излечите анемијата по природен пат и крвта да ја претворите во силна страна на вашиот организам!
Може да ве интересира: Како да се надмине анемијата или недостатокот на железо во крвта?
Обично, знаците за анемија се очигледни:
- бледило
- слабост
- замореност
- чести главоболки
- лошо варење на храната
- недостаток на апетит.
Храната треба да биде лесна, полна со нутриенти и доста овошје кое треба да се јаде свежо за да може максимално да се искористат хранливите материи – доволно железо, витамини и минерали. Пијте што повеќе домашни и природни чаеви, посебно е корисен чајот од коприва и збогатен со мед. Пијте свежо млеко, но не во исто време со намирниците кои се богати со железо, затоа што калциумот ја успорува неговата апсорпција. Корисни се и овошните сокови и црвеното вино, секако по 1 чаша дневно како оптимална доза.
Секое утро на празен желудник изедете по 1-2 јаболка, а корисно е да ги комбинирате со природен мед. Како појадок изедете јајца со се жолчка. Можеби не ги обожавате, но џигерите имаат многу поволно влијание. За да е ефектот најизразен треба да се брзо печени, односно „полусурови“ – велат истражувањата. Спанаќот и цвеклото нека ви бидат редовна салата.
Јадете често храна која е богата со протеини: грав, грашок, цигерчиња, месо од патка, овчо месо, сардини, туна, полномасно сирење и слично.
Ви препорачуваме да прочитате: Недостаток на железо причина за слабокрвност.