Спирални кифлички со прелив

Спирални кифлички со прелив

Зошто би правеле повторно исти кифлички со стандардна форма, кога можеме да уживаме во нешто ново и малку поинакво? Па, драги пријатели овие кифлички се баш такви, посебни, различни во формата и освен тоа со прелив. Мора да ги пробаме!

Спирални кифлички со прелив

Состојки:

За кифлички:

  • 1 кг брашно + 50 гр за домесување
  • 650 мл топло млеко
  • 40 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 150 гр омекнат маргарин или свинска маст (за премачкување)

За прелив:

  • 500 мл неутрална павлака за готвење
  • 3 големи јајца
  • 1/2 лажичка сол.

Подготовка:

  1. Во сад ставете го квасецот, 100 мл топло млеко, шеќерот и една мала лажичка брашно. Оставете го квасецот да нарасне.
  2. Во длабок сад за месење ставете ги брашното и солта. Додадете го квасецот и преостанатото млеко. Замесете тесто и оставете го двојно да нарасне.
  3. Со сукало од тестото развлечете правоаголна кора. Кората премачкајте ја со маргарин, преклопете од долгата страна до средината, потоа уште еднаш од спротивните страни, како што се прави за лиснатите теста.
  4. Потоа уште еднаш развлечете го во големина на плехот од шпоретот. Кората треба да биде дебела 1 см. Од кората исечете ленти со ширина од 1 см, а потоа секоја лента свртете ја како спирала. Спиралите наредете ги во намрсен плех и оставете ги уште 20 минути за да нараснат.
  5. Во меѓувреме се припрема преливот. Во сад ставете ги јајцата и изматете ги со жица за матење. Во садот додадете ја павлаката и солта. Измешајте за да се соединат состојките.
  6. Врз нараснатите спирали ставете од преливот, а потоа печете ги во загреана рерна на температура од 180 степени за време од 40 минути.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: